Dell се надева дека ќе успее со нови уреди на допир да ја надокнади 10 отсто намалената продажба во последните три месеци на лаптопи и други мобилни уреди. Според Dell, конкуренцијата на ефтини уреди на нови пазари е преголема за американската компaнија, a со новиот Windows 8 ќе можат тие, и сите други производители на PC-ја да им конкурираат на Apple и Android таблет компјутерите.
Основачот и директор Мајкл Дел им рече на аналитичарите дека очекуваат голема побарувачка на уреди покасно во оваа година, откако Microsoft ќе го објави својот нов оперативен систем Windows 8 кој е оптимизиран за таблет компјутери и екрани на допир.
„За разлика од другите Windows транзиции, ова е транзиција каде ќе ви е потребен нов PC, без врска дали е тоа таблет компјутер, ултрабук кој работи на допир или лаптоп и PC кои работат на допир, или некој хибрид од сите погоре споменети.“, вели г. Дел. за Seeking Alpha.
Интересно, тој додава и дека новите уреди ќе бидат поскапи за произведување што значи дека нема да бидат ефтини, туку ќе бидат рамо до рамо со цените на малку поскапите уреди на Dell. Г. Дел исто така додаде и дека на компаниите ќе им треба уште подолго време да се префрлат на новиот ОС бидејќи сè уште се заглавени во Windows 7 транзицијата.







