Apple, приходите, кешот и продадените iOS уреди (инфографик)

во Свет

Apple има околу 102 милијарди долари во кеш. Ова е доволно да ги купат Twitter, Nokia, RIM, Netflix, Adobe, T-Mobile и да им остане нешто ситно.

Apple ви последниве 12 месеци направи приходи од 142 милијарди долари, исто колку што е бруто домашниот производ на Нов Зеланд. Овој неверојатен приход доаѓа од 0,47 отсто што Apple го зема за себе од секој потрошен долар на нивен продукт. Таквото финансиско водење ги надмина проценките на Вол Стрит 16 пати во последните 17 квартали, вклучувајќи го и последниот квартал во кој профитот се зголеми за 94 отсто!

Тоа што е уште поневеројатно за Apple е што скоро 75 отсто од приходите доаѓаат од два продукти – iPhone и iPad, кои, заедно со iPod, се продадоа во 365 милиони примероци. Неверојатно, од 600.000 апликации во Apple App Store кои се симнати над 25 милијарда пати, само 18 отсто се видео игри!

Гледајќи ги сите овие бројки презентирани во инфографик од Sortable.com, не е ни чудно што Apple е бренд број 1 во светот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments