0 коментари 2 мин. читање 23 мај, 2012

Стив Балмер очекува 500 милиони Windows 8 корисници до крајот на 2013

Директорот на Micrisoft, Стив Балмер e оптимист за своите две нови платформите. На конференција во Јужна Кореја, тој рече дека очекува 350 милиони уреди со Windows Phone 7 да бидат продадени во 2012-та година, и дека очекува да види 500 милиони Windows 8 корисници до крајот на 2013-та.

„Во некоја смисла, ова е повторното раѓање на Microsoft Windows… ова е сигурно најзначајната работа која што сме ја направиле.“

Неговата проценка е интересна посебно што сè уште не го открива датумот кога новиот оперативен систем Windows 8 ќе биде официјално објавен. Се очекува да се појави до крајот на 2012 година.

Windows 8 e двоен оперативен систем. Ќе има десктоп мод кој ќе функционира како досегашниве верзии, и ќе има Metro интерфејс кој е оптимизиран за таблет компјутери и екрани на допир со апликации на цел екран. Се очекува Windows 8 да биде хит меѓу многу производители на хардвер и да ја пополни празнината на пазарот која ја оставаат неконкурентните Android таблет компутери, дозволувајќи му на Аpple iPad да доминира со тој пазар.

Г. Балмер исто така најави дека наскоро ќе го претстават Skype за Windows 8, софтвер кој го купија пред една година, и кој ќе биде интегриран длабоко како во Windows OС, така и во мобилната платформа Windows Phone 7.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top