0 коментари 2 мин. читање 4 декември, 2013

Делфина е македонска апликација за деца со аутизам и пречки во развој

Делфина е македонска Android апликација која е наменета за децата со посебни образовни потреби. Основна намена е да им помогне на децата со аутизам и пречки во развојот со учењето на говорот и јазикот. Развиена од Best Solutions, по препораки од Елена Ташкова, дефектолог – логопед од ОУ Гоце Делчев од Штип, и со помош од две млади дами Симона Андонова, 10, и Викторија Андонова, 6, апликацијата преку визуелна и аудио стимулација ги мотивира децата да го препознаваат македонското кирилично писмо, и ја стимулира аудитивната перцепција и развој на фонемската дискриминација на секој глас. Освен букви апликацијата ќе помогне за учење на броевите од 1 до 10, како и препознавање на некои едноставни геометриски форми и бои.

Во Македонија нема регистар за лица со аутизам, иако се претпоставува дека има околу 14.000 лица кои имаат некоја форма на аутизам.

„Во земјава нема национален регистар за лица со аутизам и не се знае точ­ни­от број на лица што имаат аутистичен спектар на нарушувања. Ма­ке­дон­ско­то научно здружение за аутизам – МНЗА има почетна епи­де­ми­о­лош­ка студија за аутизам и, според светските статистики, претпоставките се де­ка би требало да имаме 2.040 лица со таканаречениот Канеров аутизам и 12.240 лица со аутистичен спектар на нарушувања“, вели проф. д-р Мирјана Ќаева – Пејковска.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top