Hewlett-Packard го означи почетокот на продажбата на новите таблет компјутери од Slate линијата. Станува збор за Android 4.2 уреди во неколку големини и со цени од 200 до 300 долари со кои ќе им бидат достапни на најголем број од корисниците, јавува PC World.
HP Slate 7 Extreme е 7-инчен таблет кој со Tegra 4 процесор кој е способен за репродукција на 4К резулција. Таблетот е со екран 1280 х 800, 16 GB слободен простор, 1 GB DDR3 RAM, 5 MP задна и 0,3 МР предна камера и HDMI излез. Цената на уредот е 200 долари.
HP Slate 8 Pro е истотака со Тегра 4 процесор и екран со 1600 х 1200 резолуција. Камерите на овој таблет се нешто подобри 8 МР задна и 720р предна камера, слободниот простор е 16 GB, а доаѓа со 1 GB RAM. Цената на HP Slate 8 Pro е 330 долари.
Slate 10 HD е 10-инчен таблет наменет пред се за мултимедија и сурфање на
интернет, резолуцијата на дисплејот е 1280х800 и за разлика од Slate 7 и Slate 8 Pro доаѓа со двојадрен Marvell PXA986 ARM-процесор. Таблетот има HD предна и 5 МР задна камера, како останатите уреди од серијата доаѓа со 16 GB слободен простор и 1 GB DRAM. Уредот чини 300 долари.
Најголем конкурент на Slatе уредите ќе им бидe Nexus 7 на Google кој има имресивни перформанси, а не е за занемарување ниту фактот дека надградбата на Android оперативниот систем кај овие уреди е прва. Уредот од HP пак има изработка која е побезбедна, металната оплата го заштитува уредот од падови, а Tegra 4 е навистина моќен процесор.
[youtube]2gBAcYAfJMQ[/youtube]







