Deathbound е soulslike со невообичаен систем за борба и впечатлив свет за истражување

Во последно време, запрепастува огромната бројка од soulslike игри. По се изгледа, сите го сакаат тој Dark Souls/ Elder Ring дел од колачот. Развојното студио Trialforge Studio припаѓа на оваа група, но наместо да понуди дословна FromSoftware копија, студиото исфрлува предизвикувачки наслов кој ги изведува битките на уникатен начин.

Судир на вербата и технологијата

Уште на самиот почеток, Deathbound се труди од петни жили да раскаже драматична приказна полна со лор. Вашата задача ќе биде да го истражувате забранетиот град Akratya и да навлезете во комплексен наратив помеѓу вербата и технологијата. Deathbound е игра која раскажува исклучително мрачна игра, но изведбата на ретките меѓу-секвенци, а честите in-game дијалози алудираат на ограничен буџет. И покрај ова, студиото максимално ги користи ограничените ресурси и големиот тален за да раскаже впечатлива приказна во која играте со најразлични ликови во исто време.

Party-based Soulslike

Во кое било време, вие играте само со еден лик. Но, доколку видите дека не ви одат битките баш како што треба со тој лик, можете да се претворите во некој друг и да ги искористите неговите уникатни способности за издвојување победа. Во кое било време, можете да скокате низ четири ликови. Секој од ликовите се одликува со уникатни движења, оружја, опрема и способности. Како напредувате низ кампањата, така ќе откривате најразлични ликови, интимно ќе се запознавате со нивната историја и ќе пробате да ги поврзете коцките и да ја комплетирате сликата која е поврзана со војната.

Иако се работи за предизвикувачка игра, Deathbound не ви дава премногу голема контрола во опрамата на вашите ликови. Да, ќе можете да носите одредени реликти и прстени, но голем дел од останатата опрема, како и оружјата, се заклучени со замиот лик.

Ваквата идеја ни се допаѓа и ни дозволува целосно да се фокусираме на битките и истражувањето, а да не губиме премногу време за микроуправување и сувопарно прилагодување билдови.

Наспроти тоа, за справување со сѐ-поголемиот предизвик, ќе можете да ја надградувате опремата со ресурсите кои ги собирате низ мапите, или пак да отклучувате способности со собраното искуство. Дополнително, дрвото со таленти ќе ви дозволи да ги разчлените специјалните можности на ликовите на значајни начини.

Кога ќе го земете сево ова во предвид, гејмплејот се сведува на невообичаен танц со кондиција и таканаречени: синхронизирани напади. Имено, секој напад, секое избегнување на напад чини кондиција. Оваа кондиција се обновува, но само до оној степен до кој ви е здравјето.

Тоа значи дека, ако здравјето ви е полно, ќе можете да правите повеќе напади и избегнувања, но ако здравјето ви е две третини одземено, тогаш исклучително сте ограничени во поглед на дефанзивните и офанзивните можности.

Кога ќе отклучите дополнителни ликови, битките заземаат пофлексибилна димензија каде често можете да скокате од еден во друг лик, да го користите нивното комбинирано множество од кондиција и здравје, како и да темпирате напади и да се нападнете со еден, а да завршите со друг лик. Ова не само што изледа кул, туку и ви дозволува да изведете комплексни комбо движења кои се подеструктивни.

Брутална леснотија

Deathbound е тешка игра, но откако ќе отклучите доволно ликови, откако интимно ќе се запознаете со нивните силни и слаби страни, тогаш играта, како и секоја soulslike, зазема пријатна димензија во која живеете за git gud менталитетот. Во случај да завршивте со Elden Ring и да барате забавна алтернатива од помало студио, тогаш дефинитивно проверете ја Deathbound. Играта е доволно различна за да понуди невообичаено, но подеднакво предизвикувачко искуство.  

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Trialforge Studio
  • Издава: Tate Multimedia
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 8 август 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments