Cities: Skylines e бесплатна за играње

во feature, гејминг

Една од најдобрите симулации за градење и управување со град, Cities: Skylines е бесплатна за играње до 12.февруари. За да ја проверите играта, упатете се на Steam и започнете со преземањето од клиентот на Valve. Како што ќе забележите, основната игра се продава со 75% попуст, односно за 7 евра. На попуст се и одредени додатоци за играта, но карактеристично за Paradox, попустите за нив не се длабоки и некои додатоци се со 50% попуст, а некои со исклучително скромни намалувања од 10%, 20% и 30%.

Иако основната игра е исклучително интересна и забавна, додатоците знаат значително да го подобрат искуството и можеби не е лошо само да ја проверите основната игра, а да се стрпите за некои подлабоки попусти на целата колекција во иднина. Моментно, Cities: Skylines Collection се продава со 54%, односно за 56 евра, а Cities: Skylines – New Player Bundle со експанзиите Snowfall и Natural Disasters е по цена од 19 евра.

Кога сме кај процентите, Cities: Skylines има 91% позитивни рецензии, односно 85 Metascore оценка. Многумина гејмери гледаат на играта како на најдобрата симулација за управување со градови, а дефинитивно помага тоа што играта е од самиот почеток дел од Steam Workshop програмата и изобилува со илјадници и илјадници бесплатни модови кои лесно се преземаат и уште полесно се интегрираат со играта.

Оние кои се повеќе акционо-ориентирани, ги потсетуваме дека и Rainbow Six Siege ќе биде бесплатна за играње од 15 до 20 февруари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk