Данското студио NapNok Games, чиj директор е Дајана Димовска, со ексклузивен наслов за PlayStation 4

За прв пат во своето постоење, данското инди студио NapNok Games претстави игра за PlayStation. Frantics ќе биде ексклузивен наслов кој ќе доаѓа само на конзолата на Sony, а играта е изработена во партнерство со Sony XDev. Дајана Димовска е директор на компанијата, која наскоро треба да отвори и канцеларии во Скопје.

Станува збор за „party“-игра која на четири играчи ќе им овозможи забава преку различни мини игри. Ѕвезда на играта е лошата лисица, која е тука да го зголеми ривалството. Frantics е игра која е наменета за сите, без разлика дали се љубители на видеоигри или не. Играта е компетитивна, но не се потребни специфични вештини да ја играта, па ќе биде одлична на забавите.

Играта е составена од 15 мини игри, плус дополнителни предизвици на лошата лисица. Сите игри се предизвик за рефлексите и за прецизноста на играчите, во кои ќе треба да бидете подобри од пријателите. Изборот не недостасува, па секој учесник ќе може да избере некое од дванаесетте пресмешни животинчиња.

„Воодушевени сме и возбудени што конечно може да зборуваме за FRANTICS, еден од првите ексклузивни наслови за PlayLink. PlayLink е возбудлив нов начин за играње кој ги комбинира телефоните, телевизорот и PlayStation4. Користејќи го телефонот како контролер за PS4, креира нови забавни и иновативни можности кои се совршени за она што најдобро го правиме. Нашата PlayLink игра за забави FRANTICS, во многу нешта е  NapNok вид на проект. Длабоко друштвена, будалеста и истражува интересни технологии и интерфејси“, вели Дијана.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk