2 коментари 1 мин. читање

Tesla Model X е најбезбедното теренско возило на сите времиња

Теренското возило на Tesla, Model X е прво возило од ваков тип кој со највисока оценка ги помина сите „crash“-тестови. Автомобилот е втор на листата на безбедни возила, веднаш зад уште едно возило од Tesla, Model S.

Возилото помина со 5 ѕвезди на секој од тестовите и подтестовите кои ги прави Националната агенција за безбедност на автопатите. Чекор повеќе, ниту еден џип претходно не успеал да освои 5-ѕвездички во секоја од категориите, јави Tesla.

Најголема опасност кај електричните возила доаѓа од батериите. Во случај на пробивање на заштитата се развива висока температура и целиот автомобил многу брзо ќе изгори. Сепак батеријата на Model X е добро заштитена во околоп. Поставувањето на батеријата ниско го поставува тежиштено на возилото ниско, па џипот е супер стабилен.

Во тестовите од судир, во кои се тестираат можноста за апсорбирањето на ударот и воздушните перничиња Model X е одличен. Возилото во случај на удар однапред и од страна доби највисока оценка. Дури и во случај на сериозна несреќа патниците имаат шанса од 93% да излезат неповредени.

Засега не се тестира опасноста од хакерски напади, иако Националната агенција за безбедност на автопатите и не е соодветно место за овие прегледи. Електрониката на овие возила е специфична за нив, па можеби уште и нема тестови.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top