Дали Sony на 20-ти февруари ќе го претстави новиот Playstation?

во Хардвер

Sony најави дека на 20ти февруари ќе откријат некоја новост поврзана со иднината на Playstation конзолата, но без дополнителни информации за што точно станува збор. Единствено нешто што постои засега е промотивното видео на страницата за настанот и линк до #PlayStation2013 на Twitter каде што корисниците само може да претпоставуваат што би можеле да ни откријат од Sony.

Од големиот број на претпоставки, Wall Street Journal известува дека на 20-ти февруари компанијата ќе ја презентира новата конзола која ќе биде насочена кон друштвениот карактер, отколку новите хардверски спецификации. Новата PS конзола која би можела да биде претставена на овој настан или со сигурност нешто подоцна, би можела да има проблеми со игрите развиени за PS3. Целиот овој проблем се создава бидејќи од Sony имаат потпишано договор со AMD, а досегашните игри се развиваа за Nvidia.

Точниот датум кога ќе биде објавен новиот Playstation сè уште не е познат, но Sony решија вниманието кон својот нов производ да го добијат пред Xbox конзолата на Microsoft, која треба да биде претставена на овогодинешниот E3 (Eletronic Entertainment Expo).

[youtube]d-3GMHIgR-U[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments