За некои е сè уште несфатлив концептот како може да се направи зграда со 3Д принтер, додека за други, како архитектонското студио Foster+Partner и Европската вселенска агенција (ESA), тој проект не е доволно амбициозен. Тие заедно објавија планови за 3Д испринтани куќи на Месечината. Објектите ќе бидат испринтани директно на месечината со огромен 3Д принтер. За да биде поневеројатен проектот, куќите во облик на ексимското игло ќе се принтаат со материјали најдени на Месечината.
„Во пракса, ние сме навикнати да дизајнираме за екстремни клими на Земјата со експлоатирање на природните бенефити на користење на локални, издржливи материјали.“, вели Хавиер Де Кестелер од Foster+Partners. „Mесечевите колонии ја следат истата логика“.
Според архитектите, зградите ќе се 3Д-принтаат слој по слој, со мешање на месечевата земја со магнезиум оксид. Од смесата се прави „хартија“ со која може да се принта, а потоа да се додаде сол која ќе ги поврзе и ќе го зацврсти материјалот за да бидат куќите „цврсти како камен“.
„Нашите принтери во моментов принтаат 2 метри на час, а следната генерација принтери ќе принта 3,5 метри на час, што значи ќе ја заврши зградата за една недела.“, вели Енрико Дини, основачот на Monolit, компанијата која ќе ги обезбеди D-Shape 3Д принтерите.
Принтер = печатач на македонски јазик. Поздрав!