Дали Rabbit R1 уредот за вештачка интелигенција е измама

Преносната вештачка интелигенција Rabbit R1најголем дел од нас за прв пат ја видоа на CES 2024. Rabbit не е единствен ваков уред кој има единствена намена – да го замени телефонот за употреба на вештачка интелигенција. Сепак, најголем дел од уредите се или понови или полоши, па Rabbit R1 стана своевиден доказ за концепт за сите вакви уреди на пазарот.

За жал, откако уредот доцнеше неколку недели, корисниците добија бескорисен уред. Ниту збор од најавените функционалности, па најголем дел од тестерите не ни можеа да  направат соодветна рецензија. Rabbit R1 во моментов треба да контролира четири апликации: Uber, Spotify, Midjourney и DoorDash. За жал, најголем дел од апликациите не функционираат. Уредот во моментов одговара на прашања и анализира фотографии направени со камерата. До посериозна надградба на софтверот, во добар дел уредот ќе биде некорисен.

Сепак, ова не е единствената причина поради која Rabbit R1е сомнителен уред. Стивен Финдајзен познат како Coffeezilla откри дека во 2021 година компанијата зад Rabbit R1 работела на NFT проект, кој собрал 6 милиони долари.

По истрагата во минатото на Rabbit Inc., Финдајзен откри дека компанијата пред само неколку месеци била регистрирана под друго име – Cyber Manufacture Co. Името го промениле во Rabbit Inc. неколку месеци пред објавата на новиот производ.

Името на проектот на кој работела Cyber Manufacture Co. e Gama. Неговите креатори денес не зборуваат за него, но е добар показател дека основачот на компанијата зад Rabbit, Џеси Лиу, и во минатото продавал „ветар и магла“. Овој пат со Rabbit успеа да дојде до 30 милиони долари од инвеститори и 20 милиони долари од продадени уреди.

„NFT е само почеток… по NFT имаме огромни идеи за Гамаверзум, и за понатаму, огромни идеи за зелена енергија и Gama Coin.“, велел Лиу во претставувањето на Gama.

Денес, Лиу вели дека тоа бил мал проект на кој работел, и го напуштил кога го отвориле кодот. Сепак прашањето за шесте милиони долари инвестиција е отворено, а отворени се и прашањата за неисполнетите ветувања на проектот Gama. Истрагата на Coffeezilla не е првпат некој да го постави прашањето за креаторите на Rabbit. Емили Шепард и Ед Зитрон го отвориле прашањето за Gama и проговориле за уште поневеројатни ветувања.

Проблемот со  Rabbit R1како и со Gamma е што нејзините основачи „јаваат“ на бран на трендови и популарност. Раскажуваат за неверојатно производи кои на крајот немаат капацитет да ги креираат. Конечно со последните промени кои ги најавија OpenAI и Google со било кој телефон ќе може да направите повеќе, а и значително помала е опасноста да бидете измамени.

Во моментов Rabbit R1 и натаму се продава, а цената му е 199 долари. Според информацијата објавена на нивната страница ова е најдобро продаван AI хардвер.

Секако, креаторите на Rabbit R1 можат да продолжат да го развиваат уредот и по неколку надградби на софтверот да ги остварат сите ветувања. Се чини дека ова е најдобар исход и за инвеститорите и за оние кои го купиле уредот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Оглас за вработување на ORACLE DBA

види ги сите огласи на kariera.it.mk