MULLET MADJACK е откачена FPS игра која собра 98% позитивни рецензии за недела дена

MULLET MADJACK е брза и брутална FPS која користи забавни roguelite елементи со ретро-инспириран аниме дизајн од 80-те и 90-те. Како резултат, добивате адреналински коктел од експлозивна акција во киберпанк свет каде лајковите на гледачите се единственото нешто што е важно.

Живот преку лајкови

Во 2090-те години, добивате мисија да ја спасите најпознатата инфлуенсерка од опасна криминалистичка организација предводена од роботи (останете со нас, заплетот станува значително побизарен). Освен што иднината крие моќни роботи милијардери, луѓето се „навлечени“ на допамин и, за да го добијат нивниот фикс, потребно е да се соочуваат со огромни опасности.

Играјќи со Madjack, вие го добивате вашиот фикс така што се движите од спрат на спрат, убивате бројни роботи, собирате лајкови од публиката која го следи преносот во живо и давате сѐ од себе за да ја добиете ултимативната награда – пар патики.

Целата приказна е апсолутно бизарна, но VHS презентацијата е мајсторски направена и уживавме во следењето на ретките меѓу-секвенци и баналните (моно)дијалози кои како да се извлечени од најпознатите аниме продукти од минатиот век. Глумата, иако ретка, е одлично реализирана, а боите и анимациите дополнително ја потврдуваат визијата која трите девелопери ја имале за играта.

Уметност во движење

Стоењето во MULLET MADJACK значи сигурна смрт. Бидејќи имате само 10 секунди живот, потребно е да сте во константно движење и да убивате роботи на импресивни начини. Секој елиминиран робот ви дава плус 2 секунди, со што успевате некако да го продолжите вашиот живот и да се искачите до 82-от спрат на зградата. Ваквтото кратко време дополнително може да се продолжи со пиење лименки од познатиот газиран пијалок кој се наоѓа во бројните диспензери.

Играта ја почнувате со пиштол, но после секој исчистен спрат ќе ви биде понудено одредено оружје или способност. Во поглед на оружја, имате катани, сачмарка, ласерски оружја, а во поглед на способности имате можности да се успоруваат куршумите или истите да поминуваат преку непријатели, како и можности за зголемена брзина на вашето движење или пак намалување на здравјето на босовите.

Сите од оружјата и способностите можат да се (привремено) наградат. Сервирањето на ваквите оружја и способности се рандомни и од привремен карактер, но одредени способности кои ги отклучувате се со траен. Од тука доаѓа roguelite описот за играта. Исто така, играта се зачувува само доколку ги поминете сите десет спратови. Ако ве убијат на деветиот, целиот напредок пропаѓа во вода и потребно е да почнете пак од првиот спрат.

Во поглед на непријателите, имате роботи со различни напади, но сите можете релативно лесно да ги уништите со вашето оружје. Од време на време, можете да земете и некое ладно оружје кое го користите за еднократна, но визуелно-спектакуларна елимининација. Многу од стандарните непријатели можете и да ги туркате за да се разнесат во експлозивна боца, да бидат испокасапени во огромен механички вентилатор, и слично.

Босовите се подеднакво импресивни и со нетрпение го исчекувавме нивното појавување после секој десетти спрат. Некои босови, меѓутоа, беа исклучително лесни и не можевме, а да не гледаме на нив како на пропуштена прилика, како на нешто што можело дополнително да се разработи или прошири.

Покрај роботи, потребно е и да избегнувате замки, провалии, отровни хемикали и бомби. Кога ќе се искомбинираат сите овие механики, добивате прекрасна и неверојатно забавна игра која нема да сакате лесно да ја оставите. Дури и да сметате дека ова не е игра за вас, топло препорачуваме да го проверите барем демото. Во случај да сакате поголем, помал или никаков временски притисок, играта се одликува со соодветни нивоа на тежина и ќе се прилагоди на начинот на кој вие сакате да ја играте.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk