Дали им верувате на властите дека ќе ги зачуваат вашите приватни податоци?

Американците не веруваат дека владата и приватните компании одговорно ги чуваат нивните приватни податоци, вели анкетата која ја спроведе PewResearch. Дури две третини од испитаниците сметаат дека се собираат премногу податоци, дури и доколку овие податоци се неопходни во борбата со тероризмот.

Приватноста им е важна на Американците. Над 90 отсто од нив одговориле дека им е важно кој ги контролира и ги има нивните податоци, но само 50 отсто сметаат дека самите имаат контрола врз овие податоци.

Ништо поголема доверба не уживаат ниту компаниите кои ги прибираат податоците на граѓаните за рекламирање, 76 отсто од учесниците во анкетата не веруваат дека компаниите на кои им ги доверуваат личните податоци ги чуваат истите. Социјалните мрежи, пребарувачите и видео сервисите немаат доверба, иако анкетата не прашува кои се овие компании, лесно може да се дојде до заклучок дека дел од овие сервиси се најголемите друштвени мрежи и пребарувачи. Анкетата е направена во два дела првиот на 461 испитаници, а вториот на 498 испитаници. Двете истражувања оставаат простор за грешка од ±6 проценти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments