YouTube објави дека започнува со HTML5 стрим за стримовите во живо и снимање и репродукција на овие стримови при 60FPS. За ова е потребен прелистувач со YouTube HTML5 плеер, а оваа функција е достапна на последната верзија на сите популарни прелистувачи. Примената на HTML5 ќе овозможи враќање назад во видеата кои се во живо и промена на брзината на репродукција на видео содржина. „За стримовите во живо се фокусираме на HTML плеер, сметаме дека ќе овозможи најдобро искуство“, вели портпаролот на YouTube за VentureBeat.
Можеби најинтересно е ќе биде да го видиме развојот на YouTube како платформа за стрим на гејминг, кој би бил директна конкуренција на Twitch. Според шпекулациите Google имаше понуда за купување на платформата, но Amazon ги претрка, па за 970 милиони долари Twitch стана составен дел од најголемата светска продавница. Сепак 1080р@60 се чини дека е токму наменета за видеоигрите, а YouTube откри дека започнале соработка со Elgato и XSplit за нови верзии на софтверот кој ќе поддржува стримови со 60FPS директно до YouTube.
Повеќе податоци за идните планови на YouTube најверојатни ќе бидат достапни на Google I/O, иако кога е во прашање гејмингот нема да биде изненадување доколку YouTube се одлучи да ги презентира своите нови можности на Е3 кој ќе се одржи за еден месец.