0 коментари 1 мин. читање

Наскоро ќе има гејмификација на реалниот свет, вели Сет Прибасч на TED

Следните десет години ќе бидат посветени на гејмификација на реалниот свет, вели основачот на стартапот SCVNGR, Сет Прибасч, за TED говори. Креирањето на гејм платформата врз реалноста, беше условено од креирање на социјална платформа која ќе поврзе голем број на корисници, што е овозможено од Facebook и другите мрежи. Креирањето на оваа платформа е започнато, но за жал не е доволно добро имплеметнирано. Г. Прибасч со својот стартап SCVNGR работи на креирање мобилна игра во реалниот свет, и вели дека четири работи се клучни за креирање на подобра и позабавна платформа: динамика на состаноци, влијание и статус, напредок, и заедничка работа кон иста цел. Добар дел од ова се користи веќе денес, вели тој. Повеќе податоци за четирите чекори во кој е потребен напредок, можете да видите во TEDx говорот одржан во Бостон.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top