Читање текст од вештачка интелигенција со Readme TTS

0 коментари 1 мин. читање

Дали често наидувате на текстови кои би сакале да ви бидат преточени во аудио форма? Ова знае да има огромни предности. Од една страна, особено помага за лица со нарушен вид. Од друга, може да е корисна алатка за јутубери мои сакаат да вметнат професионални изговори во видеата.

На пазарот можат да се најдат бројни вакви AI читачи. Во оваа прилика, ви претставуваме еден кој се интегрира со вашиот прелистувач!

Readme TTS е всушност екстензија за Chrome. Откако ќе ја интегрирате со прелистувачот, можете да вметнете текст во понуденото поле или да поставите цел документ. Потоа избирате јазик на кој сакате да ви биде прочитан истиот. На располагање имате запрепастувачки голем број јазици, така да слободно можете да експрериментирате се додека не го пронајдете идеалниот!

Summary опцијата ви дозволува да го извлечете најважното од страната која сте ја посетиле и наместо вие да читате, вам да ви биде прочитано.

Вештачката интелигенција не е добра само за читање текстови. Напротив, неодамна пишувавме за десет импресивни начини за кои може дополнително да ви послужи:

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед