Читајте и преведувајте PDF документи директно од Sumatra PDF

во Вести

За многумина корисници, вклучувајќи не и нас, Sumatra PDF е еден од најдобрите бесплатни програми за отворање PDF документи, читање книги во формати како epub/ mobi, но и читање стрипови (cbz/cbr), како и прегледување слики. Брзината и бројните опции за прилагодување го прават како одличен избор, особено кога ќе ја земете во предвид и најновата надградба.

Со верзијата 3.4.6, која се испорачува и во форма на пренослива верзија, Sumatra PDF ги содржи сите одлични функции на кои одамна се имаме навикнато, но и една целосно нова – можност за преведување текстови во PDF документи кои се напишани на странски јазици.

Секојпат кога ќе отворите некој документ кој има текст на јазик кој не го разбирате, можете да го селектирате текстот и преку копчето Menu од левата горна страна, па преку Selection да изберете Translate with Google или Translate with DeepL. Со оваа постапка, автоматски го отворате соодветниот веб сајт кој автоматски го префрлува, детектира и преведува во англиски или некој друг јазик кој вие ќе го изберете.

Тоа не е единствената добра работа која е воведена со оваа нова верзија. На располагање имате и таканаречената Command Pallette, што на нашки е значително подобар начин за пристап до сите опции кои се дел од Sumatra PDF. За да пристапите до „палетата од команди“ одете во View и изберетете Command Palette. A, ако сакате навистина опасно да живеете, пробајте ја кратенката Ctrl+K. Точно така, Sumatra PDF сега поддржува и цела серија од кратенки преку тастатурата, дознајте повеќе тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk