Новогодишните празници се одлично време за активности со семејството и пријателите. Пред нас е продолжен викенд во кој може заедно да се забавувате, а зошто и да не изиграте некоја друштвена игра.
Предлозите за друштвени игри ни ги дадоа Гоблин Друштвени Игри и GameKnight.mk.
Предлози на Goblin Games
Ова се игрите кои ни ги предложија од Гоблин. Може да ги пронајдете во продавницата во Трговскиот центар Буњаковец или онлајн на веб-страницата goblingames.mk.
Cards Against Humanity
Cards Against Humanity е како што вели креаторот е игра за „ужасни луѓе“. Во неа играчите пополнуваат празнини во реченици со најсмешните или најшокантните фрази од своите карти. Целта е на крајот да се создадат хумористични и често политички некоректни комбинации.
Exploding Kittens
Exploding Kittens: Стратешка игра со карти инспирирана од руски рулет, каде што играчите влечат карти сè додека некој не извлече „експлодирачко маче“ и не испадне од играта, освен ако не поседува карта за деактивирање.
Buzzed Tower
Buzzed Tower е игра која комбинира градење на кула со предизвици за пиење, создавајќи хаотична и забавна атмосфера. Играчите наизменично влечат карти и додаваат блокови на кулата според инструкциите на картите, при што секое додавање блок е проследено со голтка пијалак. Играта е наменета за возрасни над 21 година и е одлична за забави и дружења.
Drunk Stoned or Stupid
Drunk Stoned or Stupid е игра во која играчите читаат карти со изјави и групно одлучуваат кој од нив најмногу одговара на таа изјава, што води до смешни и можеби непријатни откритија.
Catan
Catan е класична стратешка игра на тргување и градење, каде што играчите колонизираат остров, собираат ресурси и градат населби и патишта за да освојат поени и доминираат на островот.
Dixit
Dixit е креативна игра на асоцијации, во која играчите користат илустрирани карти за да раскажат приказни, а останатите треба да погодат која карта е вистинската, потпирајќи се на интуиција и имагинација.
Codenames
Codenames е тимска игра на зборови во која играчите се обидуваат да ги идентификуваат своите тајни агенти преку асоцијации дадени од нивниот „шпионски мајстор“. Играчите се обидуваат да ги пронајдат своите агенти, и да ги избегнат агентите на другиот играч, но сите мора да го избегнат „атентаторот“.
Citadels
Стратешка игра на градење градови, каде што играчите избираат улоги со уникатни способности секој круг, со цел да изградат структури и да соберат поени, додека манипулираат и предвидуваат потези на противниците.
Love Letter
Брза игра со карти во која главна улога имаат ризикот и дедукцијата. Играчите се обидуваат да ја достават својата љубовна порака до принцезата, елиминирајќи ги другите додворувачи и задржувајќи ја највредната карта до крајот на рундата.
Celestia
Celestia e aвантуристичка игра во која играчите патуваат со летечки брод низ летачки градови, ризикувајќи да соберат богатства, но мораат да одлучат кога да се повлечат пред бродот да се урне.
The Werewolves of Miller’s Hollow: The Pact
The Werewolves of Miller’s Hollow: The Pact е игра на социјална дедукција. Играчите се жители на село нападнато од врколаци, и преку разговор и елиминација, се обидуваат да ги откријат и неутрализираат врколаците пред да биде предоцна.
Skull
Skull e забавна игра со блефирање .Во неа играчите тајно поставуваат карти со цвеќиња или черепи и потоа објавуваат колку цвеќиња можат да откријат без да наидат на череп, тестирајќи ја храброста и интуицијата на противниците, но и сопствената среќа.
The Mind
The Mind е кооперативна игра на синхронизација, во неа играчите без зборување треба да ги играат своите карти во растечки редослед, потпирајќи се на интуиција и заеднички ритам за да успеат.
Taco Cat Goat Cheese Pizza
Taco Cat Goat Cheese Pizza е брза и забавна игра со карти во која главна улога имаат брзината и вниманието. За време на играта, играчите редат карти и изговараат зборови во одреден редослед, реагирајќи брзо кога зборот и картата ќе се совпаднат, со цел да избегнат собирање на картите.
Ticket to Ride
Стратешка игра на градење железнички линии, каде што играчите собираат картички со вагони за да поврзат градови низ мапата, исполнувајќи маршрути и освојувајќи поени за најдолги и комплетирани пруги.
Detective Club
Игра на дедукција и креативност, каде што еден играч тајно избира збор, а останатите играчи користат илустрирани карти за да го претстават тој збор, додека еден од нив не знае кој е зборот и се обидува да се вклопи без да биде откриен.
Call of Duty K/D Party Game
Call of Duty: K/D Party Game е стратешка игра инспирирана од популарната видео игра, дизајнирана за 3-5 играчи на возраст од 17 години и повеќе. Играчите ги движат своите оператори на мапата, освојуваат „dare“ плочки и ги доделуваат на противниците, кои мора да ги исполнат зададените предизвици. Целта е да се соберат што повеќе K/D токени; победник е играчот со најмногу поени на крајот на играта
Joking Hazard
Joking Hazard e игра за возрасни инспирирана од веб-стрипот Cyanide & Happiness, каде што играчите се натпреваруваат во создавање триделни стрипови користејќи карти со различни панели, со цел да создадат најсмешни и најшокантни комбинации.
Poetry for Neanderthals
Poetry for Neanderthals е забавна игра во која играчите даваат наговестувања користејќи само едносложни зборови, со цел нивниот тим да ги погоди тајните зборови или фрази. Ако користат повеќесложни зборови, противничкиот тим ги удира со палката – „NO! Stick“. Играта е наменета за два или повеќе играчи на возраст од 7 години и повеќе, и трае околу 15 минути.
UNO Party
Ова е проширена верзија на класичната игра UNO, дизајнирана e за поголеми групи од 6 до 16 играчи, со дополнителни карти и специјални правила кои додаваат динамика и забава, како што се „Point Taken“, „Drawn Together“ и „Speed Play“.
Предлози на Game Knight
Игрите кои ни ги предложија од Game Knight можете да ги пронајдете на нивната веб-страница gameknight.mk.
Wingspan
Wingspan е наградувана стратешка игра со карти во која играчите преземаат улога на љубители на птици, настојувајќи да привлечат најразновидни и најинтересни птици во своите природни резервати. Секоја птица носи уникатни способности и комбинации, што овозможува различни стратегии и тактики. Играта е позната по својата прекрасна илустрација и едукативна вредност, претставувајќи над 170 различни видови птици.
Spectacular
Spectacular е стратешка игра во која играчите создаваат и развиваат свој сопствен парк за загрозени животински видови. Избирајќи плочки со животни и коцки кои претставуваат храна, тие треба да обезбедат размножување во секое живеалиште. Поените се добиваат врз основа на збирот на коцките од соодветната боја, но само ако на одредени плочки „семејства“ се поставени коцки со вредности 1 или 2. Дополнително, изградбата на набљудувачници и собирањето различни видови животни носат дополнителни поени.
Let’s Go! To Japan
Во Let’s Go! To Japan, играчите планираат и доживуваат своја авантура од соништата во Јапонија. Преку 13 рунди, тие собираат карти со активности и ги распределуваат низ деновите од своето патување, балансирајќи ресурси и оптимизирајќи го искуството. Играта завршува со финална рунда во која играчите го реализираат својот план, а победник е оној со најмногу поени.
Unmatched Marvel Series
Unmatched е асиметрична игра со минијатури каде што играчите се борат користејќи уникатни херои. Во Marvel серијата, сетовите како Redemption Row, Teen Spirit, For King and Country и Brains and Brawn воведуваат херои како Moon Knight, Luke Cage, Ghost Rider, Ms. Marvel, Squirrel Girl, Cloak & Dagger, Black Widow, Black Panther, Winter Soldier, Spider-Man, Doctor Strange и She-Hulk. Секој херој има свој уникатен шпил карти и способности, овозможувајќи разновидни и динамични битки. Ако повеќе сакате кооперативни игри Unmatched Adventures: Tales to Amaze овозможува хероите да ги користите да победите заеднички непријател.
Horrified: Greek Monsters
Horrified е кооперативна игра во која играчите се соочуваат со легендарни чудовишта. Во изданието Greek Monsters, тие се борат против митолошки суштества од грчката митологија, како Медуза, Минотаур и Киклоп. Играчите мора да соработуваат, користејќи ги своите вештини и стратегии за да ги поразат чудовиштата и да го спасат градот.
Oceans
Oceans е стратешка игра која ги истражува мистериите на подводниот свет. Играчите создаваат и развиваат морски видови, адаптирајќи ги на променливата средина и предизвици. Со повеќе од 100 уникатни карактеристики, играта нуди бескрајни комбинации и стратегии, овозможувајќи секоја партија да биде различна и возбудлива.
Ако се одлучите за некоја од овие игри, пишете ни како ви се допаѓа! Весели празници!