CEED Хаб Скопје ве повикува да аплицирате во нивната акцелераторска програма

во ИТ.МК

CEED Хаб Скопје преку Проектот на USAID за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од CEED Македонија, обезбеди Акцелераторски инвестициски фонд од 30.000 американски долари, коишто ќе бидат инвестирани во селектирани стартапи.

Акцелераторската програма, која трае 14 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, настани, едукација, вмрежување, како и поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, стартапите ќе имаат Demo Day, односно можност своите идеи да ги претстават пред дополнителни инвеститори, бизнис ангели, инвестициски фондови.

Ако сте:

  • регистрирана компанија во Македонија не постара од 5 години,
  • или би се регистрирале до крајот на февруари,
  • ако сте посветен и функционални тим и имате некаков прототип,
  • ако решавате проблеми со флексибилен начин на размислување и сте подготвени за промени,

тогаш аплицирајте до 10-ти февруари на следниов линк.

CEED Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис. Во коворкинг просторот CEED нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, знаење, потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на CEED Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments