Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија на стартап дружење во вторник, на 07.02.2017! Oвој настан е дел од Startup Europe Week – Skopje 2017, кој се одржува низ цела Европа во втората недела на февруари.
„Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична стартап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме“, велат организаторите.
Како панелисти кои ќе го претстават својот стартап и искуството како е да се гради компанија од различни градови, се најавени:
- Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA и член на Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА, oд Битола. Петар работи на првата македонска AAA игра Sonder, чие демо може да погледнете тука.
- Благоја Стојчевски, ко-основач на Тримод Тим од Битола. 3Mode е стартап кој беше основан пред една година, се занимаваат со дизајн на електроника и изработство на принтани печатени кола.
- Резервирај.мк, прилепчани и еден демирхисарец што работат во Скопје. Резервирај.мк е стартап кој се гради веќе една година и кој излезе на пазарот како платформа преку која може да се резервираат маси по рестораните.
- Гого Рафајловски од SEEU TechPark од Tетовo. SEEU Tech Park е технолошки парк преку кој им се помага на индивидуални претприемачи и организации да развијат компетитивни стартапи.
Покрај стартапите кои ќе споделат искуство, најавени се е и презентација на стартап ресурси од:
- Microsoft Macedonia кои ќе ја претстават својата BizSpark програма за стартапи. Преку оваа програма стартапите можат да аплицираат за бесплатен софтвер.
- Студентската организација AIESEC Macedonia која ќе ја претстави својата програма за глобално претприемаштво. AIESEC сака да отвори соработка со македонски стартапи за практикански позиции на младите претприемачи.
- CEED Hub Skopje кои ќе ја претстават нивната нова акцелераторска програма за развој на стартапи во зачетна или рана фаза.
Настанот Startup Macedonia – the importance of diverse interconnectivity се организира во рамките на Startup Europe Week – Skopje 2017. Eвропската стартап недела завршува во петок, на 10.02 кога ќе има голема конференцијa на која ќе бидат претставени инвеститори, медиуми, стартапи и ко-воркинг простори кои ја градат локалната стартап заедница.
Startup Europe Week – Skopje 2017 се организира со соработка помеѓу Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Euro Macedonian Knowledge Innovation Center – EMKICE & Inception Enterprise.