6 коментари 2 мин. читање 4 февруари, 2014

Апликација на денот: Flappy Bird е инди игра која го освои App Store и Google Play

Flappy Bird е игра која неочекувано се најде на првото место во App Store, а одлично котира и на Google Play. Играта е дело на компанијата .GEARS зад која се наоѓа самостоен инди-развивач од Виетнам, Нгуен Ха Донг, кој има 3 речиси идентични апликации во Top 10 во AppStore. Игрите на г. Донг се навистина заразни, иако се чини дека нивниот успех лежи во тоа што Flappy Bird e неверојатно тешка игра, па играчите поминуваат многу време со неа обидувајќи се да ја пренесат птицата што е можно подалеку без да удрат во нешто.

„Нашата работа е под огромно влијание на ретро, пикселизираните игри во нивното златно време. Се едноставно, екстремно тешко и неверојатно забавно за играње“, вели г.Донг.

Иако голем дел од аналитичарите се сомневаат во легитимноста на бројките зад овие три игри, г. Донг вели дека нема ресурси за ништо освен аплоад на игрите. Сепак можно е заразеноста со играта да е последица на Twitter, хаштаговите #flappybird и #flappybirdhighscore се неверојатно активни, а се чини дека има вистинска борба за кој ќе напише подобар преглед за играта, пишува Chocolate Lab Apps.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
arbmetin
arbmetin
12 years ago

Не ми се верува дека ова игра ќе биде толку популарна…Браво за дечкото. Направи вистински хит од една многу проста игра. Жалосно што ја повлече…Но сепак најдов начин да ја симнам и инсталирам…еве ви туторијал
http://www.dipinit.com/how-to-s/download-install-

Виктор Дано
12 years ago
Reply to  arbmetin

На играта и помогна што беше тешка. Хардкор гејмерите се сериозни кога станува збор за натпреварување во кој може да лета повеќе. :)

Jas
Jas
12 years ago

зошто апликација е апликатсија во насловот?

Виктор Дано
12 years ago
Reply to  Jas

Руска кирилична поддршка заради другите букви кои се нетипични во латиницата.

viktor
viktor
12 years ago

Виктор, постои можност ова да го измените додатокот кој го користите. Во делот каде што се подесува "ц" во "ts", само треба да се стави "c".

Мени
Заедница
Изглед
To top