Среќна нова година од Том Јорк: Платете колку што сакате за неговиот сингл

во Свет

Фронтменот на Radiohead, Том Јорк, им донесе одличен новогодишен подарок на своите фанови. Новиот соло сингл You Wouldn’t Like Me When I’m Angry сега е бесплатен за преземање или за стрим, иако за неа можете да платите колку што сакате. Овој модел на продавање на музика е типичен за г. Јорк и Radiohead, но истовремено е нов начин за заработка од музика, наместо тоа да оди преку стандардните е-продавници како iTunes.

Последниот сингл на г.Јорк доаѓа преку Bandcamp, а заедно со него достапен и албумот Tomorrow’s Modern Boxes кој до сега можеше да се купи единствено преку BitTorrent. You Wouldn’t Like Me When I’m Angry не е нова песна, веќе имаше неколку верзии беше достапна, но ова е прво издавање на финалната верзија, пишува Rolling Stone. Добра вест и за фановите на Radiohead, бендот повторно е во студио и работи на новиот албум.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk