Интервју со соло девелоперот yahzj: умот зад Border Pioneer

Border Pioneer е игра во која ќе градите најразлични градови низ различни пространства, уживајќи ем во пиксел-арт визуелниот стил ем во забавната комбинација од преживување и одбрана.

Соочувајќи се со непредвидливите, локални опасности, имате за задача да управувате со ресурси, да градите градови и да продолжите со неуморното ширење низ непознатите територии. Играта ви дозволува да започнете од нула, да градите основни структури и постепено да отклучувате нови згради и единици.

За подлабока и непредвидлива стратегија, имате на избор над 200 карти кои ќе ви помогнат да излезете на крај со бројните бранови од противници.

Благодарение на 1UP PR тимот, успејавме да се поврземе со девелоперот yahzj и да разговараме за инспирациите на играта, предизвиците и, секако, иднината!

Можете ли да ни кажете што ја издвојува Border Pioneer од другите игри за градење град и одбрана?

“Border Pioneer” воведува интересна комбинација од RTS и механики поврзани со карти. Верувам дека оваа комбинација, која е заснована на случајност, носи нешто свежо во жанрот на градење град и одбрана.

Тука некаде решивме да прашаме што ги има инспирирано да одат со ваков уникатен дизајн и кои биле најголемите предизвици кои произлегле од комбинирање на таквите уникатни механики?

Јас сум голем фан на StarCraft. Со текот на годините, играв и создадов бројни мапи кои се прилагодени за играта. “Border Pioneer” се роди од таа страст. Најтешкиот предизвик, без сомнение, беше наоѓањето на соодветни графички средства. Бидејќи сум соло развивач со ограничени средства морав да пребарувам на itch.io и да барам бесплатни ресурси. Подоцна, користев Aseprite за да создавам мои сопствени дизајни.

Како што кажавме, играта содржи над 200 уникатни карти. Прашавме како се има пристапено кон балансирање на еден таков, огромен шпил?

Со Excel табели! (lol) Шега на страна, табелите беа корисни само за организирање на податоците. Активно работев со играчи кои ја пробаа демо верзијата. Ги користев нивните повратни информации за да ги фино прилагодам и балансирам картите.

Како ја осмисливте непријателската ВИ за да обезбедите предизвикувачко, но фер искуство?

На почетокот, вештачката интелигенција не беше одлична—само јурнуваше право кон базата, уништувајќи сè што ќе ѝ се најде на патот. По многу прилагодувања, ја поделив на три типа:

Стандардна ВИ за единици – Овие единици се движат околу ѕидови и терен, и ако патот стане предолг, ќе одлучат дали да се пробивааат преку ѕид или да преминат на некој друг терен, во зависност од тоа што е побрзо.

ВИ за таргетирање објекти- Слично на стандардната ВИ, но овие единици се фокусираат на блиските структури и ја земаат во предвид должината на патот.

Летачка ВИ – Единиците едноставно одат право кон нивната цел. Овој дизајн беше инспириран од Clash of Clans.

Во повеќето игри како оваа, пречките поставени од играчите се неуништливи, и непријателите завршуваат талкајќи беспомошно во лавиринт. Не го сакав тоа, па им дадов на непријателите малку интелигенција за да се одржува одреден предизвик.

Каков совет би им дале на амбициозните развивачи на игри кои сакаат да создадат свои стратешки игри?

Правењето инди игра не е лесно. Потребни ви се години искуство со игри за да го изведете тоа. Стратешките игри особено бараат многу размислување и анализа. Мојот совет? Играјте многу, откријте што функционира (и зошто) и учете од тоа!

Дали имате завршни зборови што би сакале да ги кажете за вашата игра, тим или некој што ве поддржал на патот? Какви идни планови имате за “Border Pioneer”, како што се ажурирања или проширувања?

Само сакам да кажам: “Ви благодарам што ја играте мојата игра. Вашата поддршка ми значи сè.

Што се однесува до идните планови, веќе ги испланирав! Најмалку еден бесплатен DLC доаѓа, кој ќе се фокусира на приказната за Thaars. Во овој DLC, играчите ќе им помогнат на Thaars да го вратат престолот и да го доведат кралството во еуфорична благосостојба.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Yahzj Games
  • Издава: Yogscast Games
  • Жанр: стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 6 февруари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk