Blue Prince: Архитектонска илузија во куќата на тајните

Blue Prince е крајно иновативна авантура која интелигентно ги спојува загатките со roguelike механиките. Доколку никогаш не сте ја провериле играта, ова се петте работи кои инстантно морате да ги знаете за неа: 

Клучни карактеристики: 

  • Систем на селекција каде вие ја формирате мапата така што избирате една од три понудени соби при секое отворање на врата.
  • Дневни циклуси во кои секој ран трае еден ден. На крајот на денот куќата целосно се ресетира.
  • Загатки кои се органски поврзани една со друга. Решенијата бараат комбинирање на различни работи расфрлани низ просториите.
  • Управување со ресурси преку внимателно трошење на ограничените чекори, клучеви и специјални предмети.
  • Трајна прогресија преку откривање на нови нацрти кои го олеснуваат секој следен обид.

Играта неодамна излезе за Nintendo Switch 2

Blue Prince ја започнувате во улага на наследник на необичен имот познат како Mt. Holly. Основната цел е да се пронајде легендарната и крајно мистериозна соба 46. Но, наместо традиционално истражување на однапред дефинирана мапа, играта воведува уникатен концепт на градење мрежа од соби. Во формат 5х9, вие сте тие кои го обликува просторот околу вас. Секое отворање на нова врата претставува тактичка одлука. Последиците на тие одлуки се креативната сила која, во реално време, ја создава архитектурата на вилата.

Играњето во Blue Prince се заснова на циклуси кои се ресетираат секое утро. Поради ова, планот на куќата кој внимателно сте го граделе претходниот ден, заедно со сите собрани предмети, целосно исчезнуваат со новото изгрејсонце. Она што останува со вас се само одредени трајни надградби на главниот архитектонски нацрт, како и отклучените нови видови простории, доколку, се разбира, сте биле доволно вешти да ги пронајдете. Поради ваков пристап, принудени сте секојдневно да се прилагодувате на нови стратегии, но и да ги користите пронајдените клучеви, парички и скапоцени камења на креативни начини. Во спротивно, нема да можете далеку да стигнете. Како го истражувате имотот така постепено откривате мрачно минато исполнето со семејни драми, политички интриги и тајни уцени.

Blue Prince се одликува со стилизиран пристап кој потсетува на архитектонски скици обоени со суптилни тонови кои ги истакнуваат само најважните објекти, нешто што одлично се вклопува во темата на градење простории и скицирање нацрти. Благодарение на минималистички, но исклучително ефективен звучен дизајн и повремените музички акценти, играта успешно гради тензија и чувство на изолација. Ваквиот графички и звучен дизајн играат огромна позитивна улога во дизајнот на загатките, пружајќи имерзивно и крајно впечатливо искуство. 

Како што напоменавме во воведот, информациите пронајдени во една соба често служат како клуч за решавање на проблем во сосема друг дел од куќата. На овој начин се создава чувство на длабока поврзаност која буквално ве принудува да зграпчите молив и тетратка и да започнете да се водите од ваши, сопствени белешки. Blue Prince не е лесна игра и бескропомисно бара од вас да ѝ посветите време и внимание. Скитање на слепо, повторуваме, нема да ве одведе далеку. Но, понекогаш, колку и да внимавате, концептот на нудење соби по случаен избор знае да ве исфрустрира и да ги ефикасно заклучи вратите на каков било напредок. Дополнително, бидејќи секој нов ден бара ресурси, рутински сте принудени да ги повторувате веќе решените помали загатки само за да ја соберете основна опрема. Со текот на времето, ова знае да има негативен ефект врз вашата мотивација, озбилно нарушувајќи го  темпото на откривање на приказната.

Интелектуално стимулативна забава

Blue Prince е амбициозен наслов кој брилијантно спојува жанрови кои се навидум неспоиви. Процедурално генерираниот простор создава ретко видена  динамика која богато ја наградува вашата љубопитноста, создавајќи, притоа неодолива желба за „само уште еден ран“. Поради тоа, доколку уживате во решавање на сложени логички загатки кои се квалитетно испреплетени со roguelite елементи, тогаш она што ќе најдете тука е исклучително вредно и незаборавно искуство.

Основни информации

  • Развивач: Dogubomb (примарно развиена од соло-дивелоперот Tonda Ros во текот на 8 години)
  • Издавач: Raw Fury
  • Жанр: Авантура со загатки, стратегија, roguelite елементи
  • Платформи: PC (Windows, macOS), PlayStation 5, Xbox Series X/S и Nintendo Switch 2.
  • Датум на издавање: 10 април 2025 година

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk