Блиц вести од „Creator Economy“

Avatar img-thumbnail img-circle

во Блог

Ова е гостински текст на Никола Соколов ко-основач и директор на Influencers.Club. Написот е оригинално објавен на неговиот блог на LinkedIn е преземен со негова дозвола.


Минатата недела се случија многу работи. Да започнеме веднаш.

Дали дигиталниот надзор отиде предалеку? Судски документи покажуваат дека Facebook бил вклучен во судењето на 17-годишна тинејџерка и нејзината мајка по домашниот абортус со лекови во Небраска.

Единствено место на кое мислев дека никогаш нема да видам драма: LinkedIn. Чајот со расплаканиот извршен директор беше толку врел што ја растопи кесичката. Ако сакате да видите „реакции“, само побарајте „Crying CEO“.

Од другите вести од Linkedin. По 20% годишен раст на визуелна содржина, апликацијата додаде нови функционалности за краторите на содржина, вклучувајќи линкови до слики и видеа, карусел, и текст темплејт.

YouTube најави нова функционалност во „community update“. Функцијата „скрати видео“ (Edit into a Short) ќе им овозможи на креаторите од било кое видео да креираат 60-секундно кратко видео (Short).

Сепак, TikTok „растура“ во маркетингот на инфлуенсери, со удел од 774,8 милиони американски долари во САД го надмина Facebook, и опасно се приближува до YouTube.

Не се возбудувајте премногу. Ако досега ги мразевте апликациите за друштвени мрежи бидејќи ви прикажуваат премногу препораки, по „Крајот на друштвените социјални мрежи“ и „Растот на мрежите за препораки“ ќе ги мразите уште повеќе.

Додека големите ѕверки се борат за наградата „Најдобра платформа за креатори“, се поставува важно прашање. Што заедничко ќе имаат победничките платформи? Овој пост на LinkedIn дава увид во тоа.

Настрана успехот на платформата, креаторите сега имаат куп работни места за избор. На LinkedIn  огласите за работни места за креаторите се тројно зголемени од 2021 година. Верувале или не, „направи го вирално“ сега е вистинска кариера.

Некои веруваат дека креаторите кои водат канали за социјални медиуми за брендови од-компаниајта (in-house) наскоро ќе бидат широко прифатени. Компанијата за играчки Nerf, стартапот за испорака GoPuff и други, веќе го прифатија овој тренд.

Еве неколку вести кои поттикнуваат FOMO (Fear of Missing Out). 3 огромни настани за кратори на содржина на кои се спојуваат брендовите, создавачите и обожавателите се случуваат овој септември:

  • Playlist Live– се враќа во Флорида за неговото 11-то издание од 2-ри до 4-ти септември во Orlando World Center Marriott.
  • VidCon Mexico – дебитира во Мексико, настанот се случува до 23-ти до 25-ти септември во Centro Citibanamex во Мексико Сити.
  • VidSummit – затворањето на месецот е со VidSummit од 27-ми до 29-ти септември во Sheraton Gateway во Лос Анџелес, Калифорнија.

И така, речиси и без да забележите, завршивте со вестите…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Data Masters

Data Engineer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk