Прошетки по случаен избор со RandomWalking

во Вести

Сакате да шетате, а и да откриете интересни места во градот во кој се наоѓате? Одлична цел, но кога се наоѓате на непознато место може да се случи да не знаете од каде да почнете.

RandowWalking е бесплатна апликација за Android која ве води на мистериозни прошетки, барем се додека не стигнете до целта. По инсталирање и покренување на апликацијата, RandomWalking ви кажува на каде да одите, но не открива (ништо) за конечната дестинација. Доколку сакате, можете да добиете наговестување на каде се движите, а можете и целосно да го откриете место накај кое сака да ве прошета.

Доколку сакате да одите накај местото одите на Back и продолжувате со шетањето, но доколку одите на Skip, местото повеќе нема да ви се препорачува и нема да ве води апликацијата кон него. Интересно е тоа што за местото ќе добиете фотографија, краток опис и на колку метри од вашата моментна дестинација се наоѓа.

Во зависност од тоа колку сакате да шетате, такви и предлози ќе добивате, а имате и неколку режими со кои треба да бидете до одредена близина до целта за да истата се исполни. Беше интересно да се тестира апликацијата во Куманово, кажете ни за вашето искуство доколку се наоѓате во некој друг град!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk