Биз Стоун смета дека Facebook треба да се наплаќа

Биз Стоун, еден од ко-основачите на Twitter се одлучи да сподели еден бизнис совет за конкурентот Facebook. Според него, друштвената мрежа треба да стартува сервис за премиум претплати од 10 долари/месечно за корисниците кои не сакаат да гледаат реклами.

Г. Стоун на својот блог истакна и дека Facebook со секоја нова промена станува се покомплициран за користење, а тоа лично нему не му се допаѓа, бидејќи ги сака едноставните сервиси. Oва не е нималку изненадувачки став од личност која е креатор на Twitter преку кој може да праќате едноставни пораки од само 140 карактери.

Еден пример кој г. Стоун го користи во својот блог напис е Pandora, онлајн стриминг радио, чии приходи пораснале за 114 посто во однос со минатата година, а сето тоа било постигнато со месечни претплати. „Луѓето сакаат да плаќаат месечна надокнада за да имаат сервис без реклами.“, смета тој.

Колкумина од вас се слагаат со Биз Стоун? Дали мислите дека премиум претплатата би била добра за Facebook за да не гледате реклами?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments