0 коментари 1 мин. читање 22 јули, 2013

При хакирањето на Ubuntu форумот се украдени информации на 1,82 милиони корисници

Oд Ubuntu форумот се украдени кориснички имиња, имејл адреси и лозинки на 1,82 милиони корисници. Пробивањето се случи во саботата, кога хакерот која се крие позади псевдонимот @Sputn1k_ ја смени почетната страница. Според објавената порака, најверојатно се работи за албански хакерски тим.

„Иако лозинките не се зачувани во обичен текст, добра пракса е корисникот да ги промени своите лозинки на останатите сајтови.“, пишува во официјалното блог соопшение од Canonical. „Доколку корисниците имаат иста лозинка на некои останати сервиси, тие веднаш би требало да ги променат“.

Според блогот Sucuri, софтверот на кој работел форумот, vBulletin, користел постара верзија во која админ панелот не бил добро заштитен. Cannonical вели дека само форумот е пробиен. Другите Ubuntu сајтови се во ред.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top