Apple тестира нови уреди со поголем екран, вели Wall Street Journal. Според најновите шпекулации Apple планира новиот iPhone да има поголем екран за да им конкурира на Samsung И HTC кои претставија телефони од 4,7 и 5-инчи. Најголемиот iPhone е петката со 4-инчен екран. Другите шпекулации се за таблет компјутерот iPad за кој изворите на весникот велат дека може да има 13-инчен екран. Во моментов iPad има 9,7-инчен екран, додека iPad Mini е голем 7,9-инчи.
Но, WSJ вели дека овие гласини не мора да бидат реализирани, бидејќи Apple е познат во експериментирање со уредите за да го најде идеалниот баланс помеѓу димензиите, материјалот и перформансите.
Очекувањата на медиумите, експертите и блоговите се дека Apple сепак ќе претстави нешто ново. Аpple веќе го престави редизајнираниот оперативен систем iOS 7, а можно е, кога ќе биде пуштен iOS 7 официјално на есен, да биде претставен заедно со нов уред. Шансите се дека тоа ќе биде нов iPhone бидејќи помина една година откако беше претставена петката.
Ако им се верува на овие шпекулации, Аpple може да претстави поголем iPad, но ако им се верува на претходните гласини, тогаш може да очекуваме поевтин iPhone со пластична маска во неколку бои. Ова е поверојатната опција бидејќи Apple секогаш продава три генерации на уреди. Со новиот iPhone, најстарата верзија што ќе се продава ќе биде 4S, што значи дека претходните верзии, пример, 3 и 3S, ќе можат да се модификуваат и да бидат продавани како нов поевтин телефон. Тројките и така имаат одлични перформанси, па нивното модифицирање може да биде само промената на скапиот алуминиум со поевтината пластика. Цената на тие уреди би била околу 100 и 200 долари.