Big Helmet Heroes: висококвалитетна графика, привлечен гејмплеј и имагинативен дизајн на свет

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на забавни игри, големи глави и епски битки, особено на Castle Crashers
  •  Прекрасно дизајниран свет, арсенал од забавни оружја и комбо потези
  •  Импресивна графика и забавна музичка подлога

Big Helmet Heroes нуди живописно искуство со забавни гејмплеј механики. Од моментот кога ќе ја стартувате играта, па сѐ до самиот крај, играта на Exalted Studio е празник за сетилата, опсипувајќи ве со неверојатни визуелни ефекти и анимации, имагинативниот дизајн на нивоата и прекрасна реализација на cel-shaded техниката. Со храбри, но креативни одлуки, секоја област нуди можности за незаборавно истражување со разиграните херои, како и користење најразлични уникатни способности за време на битките.

Големи глави – голема судбина!

Иако Big Helmet Heroes можете да ја играте самостојно, сметаме дека играта е значително позабавна со пријател. Режимот за двајца играчи во co-op е одличен, каде секој од вас игра со по еден херој, со можност за промена доколку најдете и ослободите некого низ мапата. Здружувањето со пријател за да се справите со орди од непријатели и да ги стратегизирате вашите напади додава слој на хаотична забава, потикнувајќи соработка и истакнувајќи се како совршен избор за меѓусебно дружење.

Борбениот систем, иако едноставен, доволно е способен за впечатливи пресметки со разновидни оружја и комбинации од напади

Уште на самиот почеток ќе се впуштите во откачени битки каде користите меч и штит, а, подоцна и самострели, бомби, тави, метли, тепалки за инсекти и слично, се со цел да изведете откачени и секогаш-забавни офанзивни напади. Сите од овие „оружја“ имаат уникатни напади, а дел од нив се одликуваат со елементални ефекти кои пржат, горат, дрмаат сѐ што ќе биде бакнато од нив. Дали кажавме и дека можете и да ги кревате непријателите и да ги фрлате во останатите? Можете, и урнебесно смешно е секојпат кога ќе го направите тоа.

Big Helmet Heroes има посебна моќ целосно да ги исфрли фрустрациите од нас, особено по напорен ден, кога сѐ што сакаме е да одиграме партија-две со нашите братанчиња.

Сите движења и звуци се драматично разиграни, оставајќи впечаток на хипер активно дете кое по првпат решава да комбинира кафе и редбул. Во моменти на епска победа врз противниците, радосна група од витези ќе го преплави екранот, славејќи ги вашите победи и охрабрувајќи ве понапред. Што повеќе ударци еден-по-друг тоа повеќе поени освојувате на крајот од мисијата, а во моментот кога ќе ја активирате ултимативната моќ, станувате сведоци на спектакл од епски размери: стампедо од овци кое гази сѐ што ќе се осмели да се појави на екранот, исфрлање концентричен, но моќен магичен зрак и слични разорни спектакли.

Ултите, како и уникатните движења и напади зависат од хероите со кои играте, а ги отклучувате низ мапите (така што ќе ги најдете и ослободите). Вториот витез кој ќе го отклучите, Реј, се игра значително поразлично од првиот, пролетувајќи низ бојното поле и касапејќи како да ќе нема утре. Секој херој се игра скроз различно. Најдоброто од се? Big Helmet Heroes има 29 херои, уредно подредени во четири импресивни класи.

Додека играте со едниот витез, здравјето на другиот се активира се додека правите комбинации од напади, со можности да скокате помеѓу витезите по ваша желба

Забавата не би била ни приближно добра без одличниот визуелен и звучен дизајн. Секоја мапа изобилува со соодветни визуелни и аудио елементи, охрабрувајќи не да го истражуваме секој агол од малите линеарни мапи, да кршиме сѐ што имаме за кршење и да се „давиме“ во одличната мизичка подлога и звучни ефекти. Ни се допаѓа и експериментирањето со перспективите каде еден момент се движите од лево кон десно, а во друг момент камерата ве набљудува од горе надолу, будејќи пародични Џон Вик моменти во нас.

Big Helmet Heroes преде на послабите конфигурации, пријатно изненадувајќи не со стабилноста на фрејмовите. Графиката е шаренолика, а анимациите – разиграни, разгорувајќи пријатно чувство на дружељубивост и позитивни емоции, и покрај тоа што голем дел од времето го поминувате борејќи се со различни противници.

Привлечен наслов кој обезбедува часови ко-оп или самостојна забава

Поради сите овие работи Big Helmet Heroes не е само еден едноставен beat ’em up. Напротив, имате на располагање кинематографска авантура со висококвалитетна графика, привлечен гејмплеј и имагинативен дизајн на свет. Комбинацијата од овие три работи создава искуство кое е исто толку забавно за гледање колку и за играње. Поради тоа, доколку барате забавна, визуелно импресивна и co-op пријателска игра за тепање, “Big Helmet Heroes” дефинитивно вреди да ја проверите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Exalted Studio
  • ИздаваDear Villagers
  • Жанр: Beat em up
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  6 февруари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk