Рецензија: Caravan SandWitch

Caravan SandWitch е авантура со силен фокус на истражување, но и комплексна интеракција со жителите на постапокалиптичниот свет. Припаѓајќи на cozy жанрот од игри, Caravan SandWitch ви посакува топло добредојде, ве води низ разрушениот свет со длабоко чувство на припаѓање и соработка, а на крај ве остава со меланхолично чувство на исполнетост.


Постапокалиптична нирвана

Преку истражување разрушен свет и интеракција со најразлични луѓе и суштества, Caravan SandWitch е игра која се труди да пренесе приказна со силни еколошки и социјални пораки, насочувајќи го играчот да го цени она што го има во вистинскиот свет и да не ги зема здраво-за-готово работите кои го опкружуваат.

Планетата на која се наоѓате делува преубава, но таа убавина се темели на разрушена и запуштена цивилизација. Неводењето грижа за планетата и занемарувањето на нејзините потреби, допринело моментните жители да плаќаат огромна цена и да се соочуваат со значително отежнати услови за живеење. Неможноста да се ужива во истите модерни предности како претходните поколенија, желбата за преживување и чувство на загуба се трите клучни тема кои се провлекуваат низ играта со различни интензитети.

Дали преку трогателните разговори со локалците, дали преку едноставно впивање на околината, Caravan SandWitch дава сѐ од себе за да ви покаже дека светот во кој се наоѓате бил поразличен, но и да ве охрабри да не се предавате, да играте со картите кои ви се доделени и да го дадете вашиот допринос за подобро утре.

Нашата прва задача во селото беше да помогнеме да се уништи блокаторот и да се воспостави конекцијата

Вие, вашето комбе и светот околу вас!

Во Caravan SandWitch нема битки. Нема опасност од умирање, нема тајмери или други надворешни притисоци. Светот е таков каков што е, на вас е да го истражите, да им помогнете на бројните жители, а и да ја пронајдете вашата сестра. Но, мисијата која е поврзана со вашата сестра вешто се испреплетува со мисијата да се помогне на светот со заеднички сили.

Со вашето комбе истражувате најразлични места и се запознавате со различни луѓе. Оваа интеракција има двонасочна полза и како што вие им помагате на нив, така и тие ви помагаат на вас. На пример, може да се најдете во ситуација да е потребно да им помогнете околу поправање на нивните домови или наоѓање одредени ретки ресурси.

Во некои ситуации, доволно е и само да поразговарате за нив и да ја чуете нивната приказна за губење неважна работа, само за да се пронајде важна. Во тие ситуации, Caravan SandWitch алудира дека важната работа е надеж, но во ниеден момент не го кажува директно тоа, туку остава самиот играч да ги поврзе суптилните индиции и да извлече личен заклучок. Така е за многу работи во Caravan SandWitch. Играта не ви соли памет, ги прикажува работите такви-какви што сѐ, наговестува на одредени заклучоци, но во ниеден момент не искажува лични тврдења.

Лицата на кои вие им помагате сакаат и на вас да ви помогнат. Благодарение на нив, ќе можете да го надградите комбето и да отклучите некоја област која претходно не ви била достапна. На овој начин, се создава органска потреба да се разговара со луѓето, да се биде дел од нивната заедница и заеднички да се надминат сите пречки. Покрај луѓето, голема улога во Caravan SandWitch има и комбето кое го возите. Тоа комбе не е само средство за превоз, туку и ваш дом, фигуративно светло кое ве води низ пустината и ја одржува вашата надеж со бројните корисни надградби и алатки.

Caravan SandWitch e неверојатна и крајно уникатна игра која се одликува со огромна образовна вредност и впечатливо искуство. Развојниот тим Plane Toast има вложено огромен талент и љубов во играта и би било штета да не се провери нивното ремек дело. Во случај да сакате да се изгубите пронајдете во преубаво дизајниран свет, се опуштите со релаксирачката музичка подлога, или пак да се замислите од комплексните еколошки и социјални пораки, Caravan SandWitch е игра само за вас!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Studio Plane Toast
  • ИздаваDear Villagers
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 12 септември 2024

Оценка

  • Вкупна оценка: 9.5
  • Приказна: 10
  • Гејмплеј: 9
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk