Рецензија преку историја: Vampire: The Masquerade – Reckoning of New York

во гејминг

Ах, Vampire: The Masquerade… Во 2004 година, Vampire: The Masquerade – Bloodlines беше едно од најпријатните изненадувања во гејмерската индустрија. Со феноменалната приказна, одличната графика и бројните RPG елементи, чедото на Troika Games направи вистински бум и ја издигна методологијата поврзана со вампирите на едно целосно новo рамниште, допринесувајќи до десетици книги од овој серијал, како и бројни друштвени игри.

Продолжетокот на оваа игра, меѓутоа, никако да дојде и секоја помината година е како уште една шајка во ковчегот. Од 2004 година наваму, единствена утеха наоѓаме во преигрувањето де на оваа игра де на култната прва игра – Vampire: The Masquerade – Redemption која, за жал, често се избегнува поради перспективатa, застарената графика и ригорозните гејмплеј механики.


Наспроти верувањето, игрите се засновани на друштвената игра, а не обратно. Главниот виновник за тоа е Марк Рејн Хаген кој, силно инспириран од книгите на Ен Рајс, имаше за желба да им ја понуди на играчите можноста да играат со вампири и да се справуваат со бројни (политички) интриги наметнати од човечкото и вампирското општество.


Во 2022 година, на жедните фанови се понудија не една туку две игри од овој универзум, игри кои само го искористија доброто име на овој универзум за да пробаат да спечалат пари набрзинка. Ниту Vampire: The Masquerade – Swansong, ниту Vampire: The Masquerade – Bloodhunt успееја да направат забележителен профит. Наместо тоа, игрите само го одвлекоа името низ калта; едната со лошо-реализирана приказна, а друга со целосниот фокус на мултиплеер пресметки, покажувајќи дека не знаат што е тоа што ја прави Bloodlines успешна – добра приказна и комплексни RPG механики во богат, детално разработен мрачен свет полн со интриги, нешто што очајно им недостасуваше на несреќните близнаци од 22-та.

Играта која никако да излезе…

Кога не може да се има сѐ тогаш барем да се има нешто, ама тоа нешто да биде добро разработено. Во 2019 година, Vampire: The Masquerade – Coteries of New York понуди интересна алтернатива на гејмерите – добра приказна, полна со значајни избори и последици, во релативно солиден универзум достоен на Vampire: The Masquerade името. Првиот визуелен роман од предвидената трилогија одлично ја прикажа вечната борба за моќ помеѓу две вампирски фракции, дозволувајќи ви да користите уникатни моќи, да водите различни разговори и да надминувате бројни пречки низ текстуалниот лавиринт.

Coteries of New York беше апсолутен погодок за нас, долго-посакуван пијалак кој го чекавме скоро две децении. Веднаш по него, во 2020 година, дојде вториот визуелен роман. Vampire: The Masquerade – Shadows of New York освежително се надоврза на првата игра и понуди повеќе од истото, со нови комплексни интриги во едно проблематично општество каде поразот никако не е опција.

Втората игра понуди нови ликови и локации, како и нови можности за прилагодување на приказната според одлуките кои ги донесувате.

Жедни за повеќе, со нетрпение ја очекувавме третата и последната игра. Но, таа не дојде во 2021, а ниту ни 2023. Vampire: The Masquerade – Reckoning of New York конечно се појави во 2024 година, принудувајќи не да мислиме дека мора да има некоја причина поради неколку-годишното одложување. На наше пријатно изненадување, Reckoning of New York се „игра“ на доста сличен начин како претходните два визуелени романи. Не сакајќи да експериментира и играјќи со сигурни карти, Reckoning of New York ви дозволува да навлезете во бетонска џунгла од нови интриги и проблематични ситуации.

Неизбежното судење

Играјќи со член од кланот равнос, ќе наидете на поразличен кориснички интерфејс и цртежи кои се осмислени во уникатен визуелен стил. Како што напоменавме, имате неколку различни способности кои значително ви помагаат во донесување одредени одлуки. Надвор од ова, Reckoning of New York се игра потполно исто како и претходните две игри: разговарате со бројни лица и донесувате одлуки кои оставаат илузија на драстично-различни последици.

Во суштина, Reckoning of New York е релативно линеарна игра која има за цел да ве вовлече во интригантна приказна и да го раздлабочи лорот поврзан со овој серијал. Наше мислење е дека последната игра од трилогијата успева во тоа, иако, некои фанови би можеле да се разочараат од наметливиот интерфејст, нереалистичните суптилни анимации и недостаток на значајни иновации, како и сиромашната понуда од музички нумери.

Дали вие имате некој интерес во трилогијата на Draw Distance? Како ви се допадна последната игра и дали сметате дека ова е доволно за вечното исчекување на Bloodlines 2? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Draw Distance
  • ИздаваDear Villagers
  • Жанр: визуелен роман
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments