{mosimage}Живееме во време кога практично имаме премногу информации на дофат, а со тоа и премногу можности. Сите ние сакаме да постигнеме огромен број на работи и тоа најбрзо што можеме, а со тоа влегуваме во директна трка со времето, трка од која само целосно организирана и решена личност може да излезе како победник.
Времето дефинитивно е проблем, и веројатно сите добро го знаеме тоа и сме дошле до фаза кога едноставно не е можно да завршите нешто како што сте планирале. Но друг важен проблем при остварување на замислените цели е тоа што може да заборавиме на претходните планови откако ќе добиеме нови и неочекувани информации. Од таа причина е потребна лесна организација во форма на To-Do листа која ќе овозможи лесен преглед на работите кои планирате да ги завршите.
To-Do листите, според некои и основен проект менаџмент процес, се листи кои секој од нас треба да ги користи. За подобра организација ви нудиме неколку бесплатни онлајн To-do сервиси кои може да бидат од огромна корист.
Ta-Da List е сервис создаден од добро познатата компанија 37 Signals која изработува алатки за проект менаџмент. Според мене, оваа алатка создадена на Ruby on Rails е една од најдобрите алатки за организација – лесна и едноставна за користење.
{mosimage}
Создаден на RIFE, Јава веб платформа, Bla Bla List исто така е брз, едноставен сервис со основна функционалност кој има добар интерфејс за користење.
{mosimage}
Remember The Milk, AJAX базирана To-Do листа е создадена од Австралиска компанија и нуди поголем број на можности од претходно споменатите сервиси. Податоците истакнати во листата може исто така да ги добивате и преку е-маил или да ги надополнувате преку Twitter.
{mosimage}






