{mosimage}Во Охрид се одржа работилница за борба против е-криминалот на која што беше речено дека е-криминалот во Македонија е во почетна фаза, но дека брзо се шири иако досега има пријавено само 10 предмети за фалсификувани кредитни картички. „Од овој специфичен вид криминал, најприсутна е компјутерската измама, преку користење фалсификувани кредитни или дебитни картички и преку нивна употреба на банкоматите. Тоа се прави со крадење на идентитетот.“ рече Владимир Милошески, јавен обвинител во Основното обвинителство во Скопје.
За проблемот и заштитата против проблемот на работилницата зборуваше Александар Сегер (Alexander Seger), експерт на Советот на Европа.
„Ако побарате помош од банките, тие ќе ви ја дадат, но за да се заштитат од крадење, треба прво сите поединечно да внимавате на користењето на картичките преку интернет и давањето на личните податоци.“ рече Сегер.
{mosimage}
Македонија ја има потпишано Конвенцијата за борба против е-криминалот. Но за експертите на Советот на Европа кои присуствуваа на работилницата ќе мора да се работи на обуките на специјалните тимови за е-криминал во МВР, обвинителството и судиите.
Иако на работилницата развојот на е-криминалот во Македонија беше претставен како почетна фаза, во 2004 година е-криминалот со кредитни картички, ја стави Македонија на црната листа на сомнителни држави за трансакција заедно со Нигерија.
Ваучери за студенти
Оваа недела ќе се доделуваат вредносните ваучери за студентите кои првпат запишуваат четврта година. Ваучерите од 15.500 денари требаше официјално да бидат расподелени на 15 ноември но наишло на проблем меѓу Министерството за информатика и деканите. Поточно проблемот е во координацијата и како што се случува често во Македонија вината се префрлува, додека опозицијата критикува.
Еве дел од префрлувањето на вината објавено во Нова Македонија:
„Од Министерството за информатичко општество треба да добиеме летоци, упатство за начинот на распределба. Истото им го кажуваме и на студентите – ни рече референт на овој факултет. (Филилошки факултет)
Од ова министерство, пак, одговорноста за доцнењето ја префрлаат токму на деканските управи.
– Сите знаеја дека од 15-ти почнува да се реализира програмата. Управите треба да знаат дека сега треба да им дадете обрасци на студентите, кои тие треба да ги пополнат, за да потоа се знае колку вкупно ваучери треба да се поделат – рекоа од Министерството.
Сè уште нема компјутер за секое дете во училиштата, иако поминаа две години откако овој проект го најави Владата, обвинија вчера од СДСМ.“