Спонзорирано

БЕСТ Скопје организира инженерски натпревар – ИН 2022

Спонзорирано од БЕСТ Скопје

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Дали си личност што сака да решава проблеми ама никогаш не си имал можност да ги реализираш твоите идеи? Дали сакаш да ја покажеш твојата иновативност? Ако се пронаоѓаш себеси и сакаш повеќе да ги развиеш твоите тимски способности тогаш треба да учествуваш на ИН! ИН (Инженерски натпревар) е настан организиран од БЕСТ Скопје преку кој студентите од УКИМ може да ја покажат својата иновативност и креативност со решавање на реални проблеми. Освен тоа, ИН ја дава можноста за стекнување со нови вештини и подобрување на логичкото размислување.

БЕСТ Скопје го организира ИН во првата половина на декември од 12.12.2022 до 19.12.2022. Самиот натпревар е поделен во две категории, Case Study и Innovative Design.

Case Study се фокусира на теоретско решавање на некој реален проблем од инженерството кој треба да се поткрепи со факти и да се презентира како изводливо решение. Оваа категорија се стреми кон спојување на веќе постоечки технологии со цел да се дојде до решение кое ќе биде најоптимално и најекономичнo.

За Innovative Design треба да се смисли ново или да се надогради веќе постоечко решение за проблемот. Заедно со презентацијата треба да се направи и прототип за дизајнот, односно практично да се имплементираат идеите за разрешување на проблемот.

Задачите и проблемите се зададени од страната на партнер-компанијата Костал чии претставници ќе ги следат и оценуваат проектите заедно со професори од техничките факултети при УКИМ.

Запознавањето со експерти од различни индустрии е клучно за кариерниот развој. БЕСТ Скопје се стреми кон поврзување на техничките компании со студентите од техничките науки. Токму, ИН 2022 ти дава можност да стапиш во контакт со партнер-компанијата, а со тоа и полесно да ти биде понудено пракса или работно место. 

Целта на натпреварот е и поттикнување на самостоен развој надвор од студиските програми на факултетите. Начинот на кој се зададени проблемите, самиот концепт и практичната имплементација на идеите скршнува од традиционалното образование и овозможува стекнување на поинакво искуство.

За учество во натпреварот треба да се формира тим од тројца до петорица студенти со кои заедно ќе работиш во разрешување на дадениот инженерски проблем. Меѓутоа, пријавувањето не е лимитирано доколку немате тим! Пријави се сам, а БЕСТ Скопје ќе се потруди да формира тим за тебе!

Не ја попуштај оваа шанса да ги развиеш твоите аналитички вештини и креативност. Дојди на ИН и дознај ги сите деталите за актуелните теми во инженерскиот свет.

Форма за пријавување

За повеќе информации околу пријавувањето и други изненадувања, следете нѐ на нашите социјални мрежи.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на БЕСТ Скопје. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]