Crucible се чини како интересен, бесплатен-за-играње шутер. Компанијата Amazon планира да го исфрли шутерот побргу отколку што би можеле да очекувате.
Се работи за тимска игра од натпреварувачки карактер која се одликува со гејмплеј механики својствени и за PvE и за PvP. Од една страна, потребно е да го ликвидирате непријателскиот тим, додека вложувате напори за решавање споредни мисии од најразличен карактер. Од друга, треба да мислите и на бројните AI контролирани вонземни суштества кои ги имаат населено мапите.
Во Crucible можете да играте со еден од десет ловци, секој уникатен не само во изгледот туку и во оружјето кое го користи. Ловците ќе можете да ги надградувате, да им ја зголемувате нивната моќ и способности со ресурс кој се вика есенс и се собира низ мапите.
Кога играта ќе биде лансирана, ќе можете да се втирнете во еден од три можни режими:
- Heart of the Hives – тимовите справуваат со три џиновски кошници и се тркаат да соберат три Hearts
- Harvester Command – тимовите заробуваат и држат клучни точки низ мапата
- Alpha Hunters – тимовите се ликвидираат се додека не остане само еден