0 коментари 1 мин. читање

Играјте ја Doom играта, но на малку поразличен начин со MiniDoom 2

Нема кој не слушнал за феноменалната пукачка игра во прво лице – Doom. Во раните деведесетти години, Doom беше играта поради која се закажуваа гости кај ретките среќници кои имаа компјутер.

MiniDoom 2 е игра која ќе проба да ја разбуди таквата носталгичност, но од целосно нова димензија. Имено, ако оригиналната игра беше FPS, ова е игра која ја играте како платформер. Се работи за феноменална забава која зрачи низ секое ниво и нуди интересни оружја и непријатели за масакрирање. Искуството ќе биде особено ценето од ретро фанатиците кои нема да можат, а да не ја ценат одличната ретро графика, како и препознатливите звуци.

Секако, не мора да сте ја играле оригиналната Doom за да уживате во оваа игра. Играта може да се игра на Windows или macOS.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top