Ова е гостински текст на Асоцијација за е-трговија на Македонија
Веб платформата „Дигитални услуги за сите” е креирана со поддршка на Фонд за иновации и технолошки развој, и истата има за цел да ги презентира сите можности кои им стојат на располагање на граѓаните кои поради ограничувањето на движењето се останати дома, но од друга страна во целост ги презентира предностите кои со себе ги носи дигитализацијата.
Веб платформата се состои од три различни видови на дигитални услуги, кои го олеснуваат секојдневието на секој од нас, притоа овозможувајќи попродуктивно користење на слободното време поради достапноста на овие алатки.
Веб платформата може да ја погледнете на овој линк
„Се обидовме да ги лоцираме сите алатки и услуги кои се понудени од нашите членови и истите се објавени на веб платформата, но сакам да ве замолам доколку сметате дека има и нешто дополнително што сакате да го додадеме, слободно да нè известите“, вели Виктор Стојкоски, од Асоцијација за е-трговија.
Како Асоцијација за е-трговија, се стремиме да влијаеме на менување на дел од навиките на граѓаните за користење на дигитални услуги на долг рок, што ќе ја олесни транзицијата кон дигитално општество и ќе овозможи полесно интегрирање со светските трендови. Веб платформата „Дигитални услуги за сите“ има за цел, покрај да ги информира граѓаните на едно место за сите достапни можности кои можат да ги користат од дома, да го едуцира населението и да ги зајакне и зголеми нивните дигитални вештини
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.