Final Fantasy 14 е игра која чини пари и бара месечни претплати. Но, има и една бесплатна пробна верзија која повеќе никако не може да се нарекува така. Имено, без да потрошите пари, можете да ја завршите целата основна игра, како и првата експанзија, Heavensward. Згора на ова, нема заклучување на вашиот левел и може слободно да напредувате до левел 60.
Ова е значително надополнување на „Trial“ верзијата. Доколку сте фан на ММО игри од овој калибар, тогаш навистина нема што да изгубите за да ја проверите играта. Главната причина поради која би можеле да размислувате за претплата е или поради пристап до одредени функции за социјализација или за да ги играте останатите експанзии.
Паралелно со ова, излезе и закрпата 5.3. Примарната цел зад закрпата е да го намали чувството на грајнд кое преовладува во основната игра и е најзабележително кај одредени квестови кои не се интересни, а бараат многу време од играчот. Извршени се промени и на природата на наградите кои ги добивате во основната игра. Бројот на надополнувања и измени е запрепастувачки голем, информирајте се тука!







