Stolen Realm e тактичка RPG игра без класни ограничувања, со непресушни можности за билдови и со над 700 уникатни предмети!

Во 2019 година, малото инди студио Burst2Flame го објави акциониот RPG шутер Armored Evolution. Иако играта не успеја критички да се прослави, сепак беше одлична опскочна даска за амбициозните девелопери и им помогна да ги насочат нишаните кон поразличен, но и поамбициозен проект. Четири години подоцна, студиото може да се пофали со одлична turn-based тактичка игра со комплексни механики за самостојно или заедничко истражување на динамичен свет.

Stolen Realm се одликува со одлични oнлајн сесии за до шест играчи!

High-fantasy свет зачинет со low-poly графичко опкружување!

Достапна за PC, Xbox и Switch, Stolen Realm ви нуди прочистено RPG искуство и не ве оптоварува со бројни листи и комплексни механики, туку предност дава на брзи битки и донесување важни одлуки.

Тие одлуки може да се поврзани со стратешко управување на единиците и извлекување максимална предност на бојното поле или пак при разговори и правење зделки или сомнителни договори со мистериозни лица.

Соло или со уште шест ваши пријатели ќе можете да изградите уникатен херој.

Херојот можете да го благословите арсенал од над 300 вештини кои се уредно подредени во 10 уникатни дрвја од вештини.

Паралелно со ова, вашите авантури ќе ве доведат во ситуација да влечете најразличен плен од множество од над 700 уникатни предмети.

Кога се работи за тактичките системи при пресметките, гледајте на Stolen Realm како на интересен хибрив помеѓу Baldur’s Gate 3 и Divinity: Original Sin.

Ова, во комбинација со визуелно впечатливиот low-poly дизајн допринесува до преубаво имерзивно искуство каде истражувате процедурално-генерирани зандани, собирате корисни ресурси и си ги прилагодувате непресушните комбинации од билдови според вашите потреби.

Финалната верзија се одликува со целосна кампања, roguelike и hardcore режим

Како што можеби знаете, Stolen Realm беше долго време дел од раниот пристап на Steam (од 2021 година) и развојното студио е особено гордо што може да ја сподели 1.0. верзијата со заедницата:

„Би сакале најискрено да се заблагодариме на нашата заедница за сите конструктивни повратни информации кои несебично ги споделија со нас“, објаснува девелоперот Џејсон Џоли и додава дека: „крајно сме возбудени што финалната верзија е завршена и достапна на сите за PC, Xbox и Switch.

Се чини дека Stolen Realm е одлична игра и за стримање. Благодарение на таканаречениот streamer режим, стримерот може да им дозволи на гледачите да влезат во улога на Dungeon Master и да гласаат со какви непријатели да се соочи стримерот и во какви настани да навлезе.

Финалната верзија допринесува до значително подобро искуство, лишено од бројни багови и неоптимизирани механики.

Покрај ова, се што споменавме во горните редови, најновате верзија носи дополнителни 36 нови вештини во дрвото Nature и 35 дополнителни вештини во дрвото Monk. Ќе наидете и на 3 целосно нови области за истражување како Emerald Jungle, Dwarven Halls, и Sunken Swamp, но и нови настани, подобрен туторијал, повеќе нивоа на тежина и ред други работи.

Доколку сте фанови на Divinity: Original Sin, но барате малку поразлична разонода, особено во визуелниот оддел, тогаш сега е повеќе од одлично време да ја проверите Stolen Realm!

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk