Лабораторијата за развој на технологии на BBC објави експериментална аудио снимка од Божиќни песни од Кралскиот колеџ од Кембриџ од 2007-ма година која сега е достапна во сараунд звук.
Сараунд звукот во кината се основа на централен звучник, велат инженерите од BBC кои го избегнале тој проблем и го приспособиле звукот за слушање на радио.
„Нашата снимка од 2007-ма ги избегнува проблемите поврзани со централниот звучник користејќи ‘4.0’ презентација, или ‘квадрафонски звук’ како што се нарекува. Мислиме дека ова дава добар сараунд звук за овој вид на содржина и бидејќи е базиран на стерео микс, еден инжинер на звук може потенцијално да ги произведе двата во исто време правејќи ги достапни за радио. Снимката користи бројни микрофони кои се измиксани заедно да креираат сараунд микс.“, се вели на блогот на BBC Radio 3.
За слушање на стерео снимката нема потреба да се има посебни слушалки или плеер, доволно е компјутер со стерео звук. Сигналот е процесиран од лабораториите на BBC преку бинаурален формат. Бидејќи се работи за експеримент, инжинерите направија шест верзиии на снимката секоја оптимизирани за различни слушалки. Корисниците ќе треба да си одберат која е најдобра за нив. Подолу е шестата верзија.