Точно пред почетокот на Божиќните празници AMD се решија да ја презентираат својата нова графичка карта HD 7970. Ова е првата графичка картичка која AMD ја прави со 28 нанометарска техника и прва која ќе ја користи GCN (Graphic Core Next) архитектурата. Уште еден новитет кој ќе биде првпат подржан на HD 7970 е Direct3D 11.1.
Новата архитектура хардверски ќе ги имплементира мега текстурите кој први ги воведоа idSoftware во нивната игра RAGE. Со ова значително ќе се намали времето на вчитување и пристап до текстурите, а на дизајнерите на видео игри ќе им овозможи да креираат големи текстури со висока резолуција која подоцна графичкиот процесор ќе ги подели на делови според потребите.
Графичкиот процесор кој го користи HD 7970 е наречен Tahiti и има 4.31 B транзистори што допронесува оваа графичка карта да има навистина импресивна процесирачка моќ. Tahiti работи на 925 MHz, со што тероетски би можел да обработи 3.79 TFLOP во секунда. Потрошувачката е 50 W помала од конкурентот GTX 580.
Покрај сите подобрувања кој се направени HD 7970, има 30 проценти подобрени перфоманси од претходната HD 6970 и 10% подобри перформанси од GTX 580 на nvidea на стандардни резолуции, на резолуција од 2560х1600 според тестовите на hardOCP HD 7970 има речиси 10% подобри перформанси од најдобрата nvidea графичка карта моментално Galaxy MDT Geforce GTX 580 и повеќе од 30 отсто подобри резултати од претходникот HD 6970.
Сепак со овие перформанси доаѓа и импресивна цена од 550 долари што моментално навистина е премногу и е единствена мана која тестерите успеаа да и ја најдат на оваа графичка карта. HD 7970 официјално ќе биде во продажба од 9 Јануари и со оглед на тоа дека има уште време до новиот GPU на nvidea Kepler, HD 7970 барем неколку месеци ќе биде најдобра графичка карта на пазарот.
| AMD Radeon HD 7970 |
| Stream Processors | 2048 |
| Texture Units | 128 |
| ROPs | 32 |
| Core Clock | 925MHz |
| Memory Clock | 1.375GHz (5.5GHz effective) GDDR5 |
| Memory Bus Width | 384-bit |
| Frame Buffer | 3GB |
| FP64 | 1/4 |
| Transistor Count | 4.31B |
| Manufacturing Process | TSMC 28nm |
| Price Point | $549 |







