0 коментари 1 мин. читање 20 мај, 2013

Barnes & Noble ќе додаде веб прелистувач и имејл на своите е-читачи

Еден од најпопуларните уреди кога станува збор за читање на книги, Nook-таблетот наскоро ќе има веб прелистувач и имејл функционалност. Надградбата доаѓа на Nook Simple Touch и Nook Simple Touch with Glowlight уредите.

„Поради интересот коj го покажаа корисниците со Google Play, Barnes & Noble ќе додадат прелистувач со 1.5.0 апдејтот“, вели неименуван извор на TechCrunch.

Надградбата доаѓа на 1 јуни, со што Nook ќе бидат поконкурентни и ќе додадат прелистување по интернет, опција која Kindle на Amazon ја има од 2.0 верзијата. Иако прелистувањето изгледа слично сепак за разлика од Kindle, Nook ќе има и апликација за проверка на пошта. Покрај прелистувачот и апликацијата, 1.5.0 верзијата ќе донесе и нови продукти во „продавницата“.

Слично како и Kindle на Amazon и Nook користи изменет Android како оперативен систем, па надградбата нема да претставува премногу голем проблем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top