6 коментари 2 мин. читање

Предлог работни околини за вашата GNU/Linux дистрибуција

За разлика од Windows корисниците на кои им е сервирана една и единствена работна околина, корисниците на некоја GNU/Linux дистрибуција имаат и тоа каков избор за во каква околина ќе работат. Истовремено можни се повеќе работни околини и нивна промена од екранот за најавување. Еве неколку наши сугестии:

Unity

Оваа работна околина сигурно им е позната на многумина, со оглед на тоа дека Ubuntu е една од најкористените дистрибуции. Unity на корисниците им нуди пребарување директно од работната табла и лепење на апликации во лентата од левата страна.

GNOME

Пред Ubuntu да започнат со своја лична работна околина, GNOME 2.x беше стандардот што се користеше на таа дистрибуција, како и кај Fedora, Debian и дел од другите дистрибуции. Но, откако GNOME се реши да го развиваат новиот GNOME 3 Shell интерфејс, дел од нив се оттргнаа од оваа работна околина. Доколку имате потреба од некоја функционалност, GNOME нуди и екстензии кои може да ги инсталирате со само еден клик. За да проверите, отидете на https://extensions.gnome.org/.

KDE

KDE можеби и најмногу наликува на работната околина на Windows. Заедно со GNOME, тие се водечките работни околини за Linux, додека KDE сама по себе нуди повеќе опции и можности. KDE 4 доаѓа со неколку десктоп виџети кои може дополнително да се поставуваат, а самата работна околина е доста проширлива. KDE користи различни програми за фајл менаџер, прегледувач на слики и сл., во однос со GNOME и Unity.

Cinnamon

Cinnamon е уште една работна околина која би им одговарала на корисниците кои туку што направиле транзиција од Windows на GNU/Linux. Cinnamon е базиран на GNOME 3 кој се обидува да го задржи тој традиционален изглед на десктопот. Вклучува таскбар, мени за апликации и слично.

Xfce

Xfce е една од „полесните“ работни околини кои можете да ги користите на послабите машини. Оваа е една од работните околини која во моментот најмногу наликува на тоа како GNOME била порано.

Xfce користи свои програми, фајл менаџер, код едитор, прегледувач на фотогорафии. Иако има заеднички програми со Unity и GNOME, не секогаш ќе можете да ги пронајдете истите кои работат на некоја од овие работни околини. Xfce е препорачлив за постарите компјутери без стабилен драјвер за графичките кои не може да ги поддржат ефектите од Unity и GNOME.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top