0 коментари 2 мин. читање 8 мај, 2013

Барате пари и менторство за вашиот стартап? LAUNCHub отвори нова рунда апликации

Бугарскиот акселераторот LAUNCHub – кој инвестираше 30.000 долари во македонскиот стартап Tesseract Games за да ја развијат својата игра со ментори во Бугарија – сега стартува нова рунда апликации за стартапи од регионот.

LAUNCHub, иако со седиште во Бугарија, оперира под европскиот фонд JEREMIE и има околу 9 милиони долари на располагање кои треба да ги инвестира во 100 стартапи до 2015-та година. Акселераторот веќе има инвестирано околу 1,5 милиони долари во 19 стартапи кои се или во рана „seed“ фаза како македонското независно студио Tesseract Games кои сега работат со ментори во Бугарија за да ја развијат својата игра, или во стартапи кои се во понапредна фаза со скоро готов продукт како iMediaShare, Coherent Labs, Imagga, Cinematic и други.. LAUNCHub е партнер и на Seedcamp и Mozilla Web FWD.

Стартапите имаат прв рок за пријавување до 23-ти мај, а крајниот е на 2-ри јуни. Потребно е да се пријави добар бизнис план за продукт кој може да стане следното големо нешто. Стартапите кои ќе бидат прифатени во програмата која трае неколку месеци, со 2 месечен интензивен период, ќе имаат шанса да се квалификуваат за seed инвестиција од 30.000 долари која може да порасне и до 200.000 долари зависно од квалитетот на стартапот. Во замена за парите, стартапите ќе доделат мал дел од компанијата на акселераторот и инвеститорите.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top