Очилата со проширена реалност на Google се секако нов револуционерен уред кој секој ИТ ентузијаст го очекува со нетрпение. Но, за бизнисите овој уред претставува проблем кој може да ги уплаши клиентите. Приватноста е важна велат сопствениците на продавници, казина, барови и ресторани кои веќе комплетно ги забранија Google Glass, иако во моментов се достапни само 2.000 уреди. Можеби несакајќи, сопствениците на тие бизниси станаа први борци за приватноста која е во опасност да биде нарушена поради научно-фантастичен уред.
New York Times пишува дека бар во Сиетл и казина во Лас Вегас веќе ги забранија Goоgle Glass. Првите се противат дека корисниците на очилата ќе снимаат се во локалите и ќе ја нарушат приватноста на гостите, другите велат дека ќе се злоупотребат против игрите на среќа, а властите во Вирџинија дури отидоа до таму да ги направат нелегални бидејќи се опасни додека се вози. Според експертите од САД, функционалноста на Google Glass сериозно ќе се спротистави на првиот амандман, односно на правото на приватност.
[youtube]4EvNxWhskf8[/youtube]
Звучи проблематично, но Popular Science вели дека решението се крие во индикатор со црвено светло на очилата кое ќе свети кога е вклучена камерата. Така барем другите луѓе околу корисникот со наочарите ќе знаат дека се снима, како што знаеме дека се фотографира кога ќе видиме некој со апарат.
„Google Glass е помалку ефикасен уред за набљудување од паметен телефон, освен едно нешто: не мора да го вадите од вашиот џеб или торба. Опасно е да заземаме позиција дека Google Glass е невин уред креиран според научно-фантастичните сонови и добри намери, но не мислам дека неговата забрана е правиот потег, добро е барем да се дискутира за тоа.“, пишува магазинот.
Google е свесен дека Glass се нов општествен преседан. Иако Ерик Шмит од Google еднаш рече дека ако имате што да скриете не треба да бидете онлајн, сепак за Google Glass, кои ја пренесуваат технологијата во офлајн светот, неодамна рече дека ќе мора внимателно да се размисли за како да се заштити приватноста. Одговорноста, вели тој, пред се лежи кај Google „да разбере што правиме, како го правиме тоа и да се однесуваат соодветно според нормите“.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.