1 коментар 2 мин. читање 30 ноември, 2012

Балмер вели дека Windows 8 има добар старт, но бројките кажуваат друго

Иако Балмер на годишниот состанок изјави дека продажбата на Windows 8 оди многу подобро, во споредба со Windows 7, бројките покажуваат сосема друга слика. Изгледа дека лансирањето на новиот Windows 8 баш и нема некој ефект, каков што очекуваат од Microsoft.

Од кога е објавен Windows 8, продажбата на производите на Microsoft е помала за 21 посто од овој период минатата година. Од Microsoft не сакаа да коментираат за овие информации, но затоа се изнафалија дека се продадени преку 40 милиони лиценци за Windows 8.

Во истражувањето на NPD се вели и дека бројот на Surface таблети што ги има продадено Microsoft е занемарлив и дека приходите од него не достигнуваат ниту 1 посто од вкупниот профит на Microsoft.

Инаку, на годишната конференција, Стив Балмер објави и дека веќе некои апликации забележале повеќе од 1 милион преземања, но не е познато кои се тие апликации. Исто така, г. Балмер изјави и дека продажбата на Windows Phone телефоните од Nokia и HTC се продаваат четири пати повеќе од минатата година.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ITCOM
ITCOM
13 years ago

Само против Микрософт пишуваш бе Борис :P

Мени
Заедница
To top
{title}