Од денес, Drive сервисот на Google ќе можете да го користите и како бесплатен хостинг за вашата статичка веб страница. Објавувањето на веб страницата преку Google Drive е многу едноставно и сè што треба да направите е да ги поставите вашите датотеки во еден јавен директориум.
Целата постапка за објавување на вашиот веб сајт можете да ја прочитате на страницата за документација на Google Drive SDK, а истиот може да содржи и JavaScript. Сепак, тоа што треба да го знаете е дека за да ја објавите вашата веб-страница, потребно е:
- Директориумот во кој ќе сакате да ја објавите да биде јавен;
- Само создавате врски до датотеките во јавно достапниот директориум;
Процесот можеби ќе им биде малку чуден и нејасен на напредните корисници, но е многу поедноставен и попрегледен. Инаку, ова е одлична можност за сите корисници, бесплатно да си ги хостираат своите лични проекти или некои задачи од факултет или училиште.
Исто така, ваквиот начин на објавување на веб-страници и датотеки, отвара нови можности за Drive развивачите и хакерите, па ќе биде интересно да видиме што сè ќе може да се измисли со помош на овој сервис.
Еден пример за веб-сајт хостиран на Google Drive може да погледнете овде.








ова некој го тестираше или само е преведено од друг извор?
јас не гледам таква опција.
п.с. Претплати се на: НЕМА? што е нема? (ова изборов подоле)
Истата можност ја има и на DropBox.