Интернетот, бесплатниот економски модел и креативност

во Веб

{mosimage} Интернетот, Моровиот закон и неговиот еквивалент за складирање и бендвит е првата индусриска економија во историјата која декада по декада станува поефтина секоја година, вели Крис Андерсон, главниот уредник на Wired магазин, кој зборува на настан организиран од BBC блогот Digital Revolution.

Трошоците кои Г-дин. Aндерсон го споменува се трошоци за остварување на интернет сообраќајот. Инфраструктура, хостинг се станува поефтино.

„Секоја година што и да правите, колку и да ве чини да закачите YouTube видео денес, следната година ќе чини половина од тоа, наредната помалку од половина“ вели уредникот на Wired, влијателниот магазин за технологија.

Тој исто така додава дека трошоците за одржување интернет бизнис се исто толку мали и се добива „огромна публика за ефтин трошок“ и дозволува на компаниите, мали но моќни како Twitter, да бидат водени од 50 луѓе, а да имаат публика како што има една телевизија.

„Ова прави свет кој е слободен (free), во двете значења, слободен како слобода на говор, и слободен како бесплатен, ослободен од трошоците. И тука доаѓа креативноста, бидејќи све слободни да правиме што сакаме, и сме економски ослободени да го правите тоа скоро без трошок. Така од економска перспектива интернетот е првиот слободен медиум.“ вели г-дин. Андерсон.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments